МС Македонија
  • Донирај!
  • Menu Canvas
    • Почетна
    • За нас
      • Станете член
      • Медицински/стручен одбор
      • Документи
      • Активности
      • Соработки
      • Корисни линкови
    • Мултипла Склероза
      • Што треба да знаете
      • База на знаење
      • Виртуелен МС Советник
      • Закони и прописи
      • Биди физички активен!
      • Психолошка и психотерапевтска помош
    • COVID-19 и МС
      • Поврзани содржини
    • Публикации
    • Вести
    • Контакт
  • Контакт: msmakedonija@gmail.com
    • Станете член
    • Донирај
    • MSM Facebook
    • MSM Youtube
  • flag en English
    • flag fr French
    • flag de German
МС Македонија
  • Почетна
  • За нас
    • Станете член
    • Медицински/стручен одбор
    • Документи
    • Активности
    • Корисни линкови
  • Мултипла Склероза
    • Што треба да знаете
    • База на знаење
    • Виртуелен МС Советник
    • Закони и прописи
    • Биди физички активен!
    • Терапевтска Јога
    • Психолошка и психотерапевтска помош
  • COVID-19 и МС
    • Поврзани содржини
  • Публикации
  • Вести
  • Контакт

Едукативни материјали за лицата со мултипла склероза

Homepage Новости Едукативни материјали за лицата со мултипла склероза

Едукативни материјали за лицата со мултипла склероза

msmakedonija
декември 30, 2020
Новости

Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза информира дека токму на време, пред новогодишните празници реализиравме два едукативни материјали наменети за лицата со мултипла склероза (МС) и лицата кои се грижат за нив. Веруваме дека овие материјали ќе бидат од голема корист имајќи ја предвид содржината која ја нудат.

Станува збор за „Прирачник за здрава исхрана при мултипла склероза“, дело на нашиот соработник Цвета Динева – сертифициран нутриционист консултант. Прирачникот на 73 страни, нуди голем број совети, култура на исхрана и секако најинтересниот дел огромен број на здрави рецепти кои би можеле да ги подготвувате веќе за време на празниците, така што ќе имате можност калоричната празнична трпеза да ја замените со здрава, вкусна храна, а со самото тоа и да ја подобрите вашата здравствена состојба.

Другата брошура „Замор – невидлив симптом на МС“ е одлично четиво кое е целосно посветено на еден од најмачните симптоми на мултиплата склероза. Нуди многу совети за справување, следење и подобро менаџирање на состојбата на замор. Ова едукативно издание е превземено од Интернационалната МС федерација (MSIF), кое во соработка со MSIF, покрај преводот, претрпе и одредени прилагодувања со цел целосно да одговара на потребите на лицата со МС во нашата држава.

Двете брошури се достапни во електронска форма, додека Прирачникот за здрава исхрана наскоро ќе биде достапен и во печатена форма, а лицата со МС ќе можат да го добијат на Универзитетската клиника за неврологија кон крајот на јануари.

„Ова е доказ дека Националното здружение за МС е целосно посветено и се грижи за доброто на лицата со МС, трудејќи се со своите активности да ги опфати сите аспекти кои влијаат на подобрување на животот на лицата со МС, а воедно и полесно справување со секојдневните предизвици кои ги носи оваа хронична болест“ – изјави Ана Карајанова Димитрушева, претседател на Националното здружение за МС.

ЗА НАЦИОНАЛНОТО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА МС
Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза. Oсновано е на 20. март 2019 година. Од 7. мај 2020 година, Националното здружение е полноправна членка на Европската МС Платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platfrom, EMSP).

Потребата за формирање на здружението се наметна како резултат на неопходноста за обединување на лицата со мултипла склероза, нивните семејства со цел согледување на нивните потреби и инволвирање на останати чинители заради решавање на проблемите на лицата со МС, како и подобрување на квалитетот на нивното живеење. Исто така, секојдневниот напредок во медицината, токму во областа на неврологија бара интензивирање на реформите во оваа област.

Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.

Previous Story
БЕСПЛАТЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2021 ГОДИНА
Next Story
Искрена честитка од Националното Здружение за МС

Најнови објави

  • Вежби за долниот дел од телото
  • Јога на столче – вовед
  • Нова веб страница на Националното здружение за МС
  • Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
  • Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?

Тагови

JC JCV ms sovetnik virus МС ПМЛ Прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија Светски ден на МС вирус мултипла мултипла склероза склероза

Национално здружение за МС

Здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза.

  • Почетна
  • За нас
  • Мултипла Склероза
  • COVID-19 и МС
  • Публикации
  • Донирај!
  • Вести
  • Контакт

    Национално Здружение за МС - Сите права задржани.
    SearchPostsLoginCart
    вторник, 2, Мар
    Вежби за долниот дел од телото
    вторник, 2, Мар
    Јога на столче – вовед
    среда, 17, Фев
    Нова веб страница на Националното здружение за МС
    понеделник, 15, Фев
    Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна исхраната кај лицата со МС, дали игра улога и како може да помогне?

    Welcome back,