Допис до здравствените организации

Скопје, 02 април 2020 година
Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС е водечка национална пациентска организација што претставува и поддржува индивидуи и семејства погодени од мултипла склероза (МС), кои секојдневно имаат уникатни и сложени здравствени потреби.
За време на новонастанатата јавна здравствена криза, висок приоритет на лицата со МС претставува пристапот до соодветен третман на болеста. Овие третмани се неопходни со цел контрола на болеста, спречување на прогресијата на мултиплата склероза и подобрување на квалитетот на живот на овие лица.
Ние не препорачуваме на третманите за МС да се гледа како на изборни или небитни и не сметаме дека е потребно примањето на лекот да биде одложено за одреден период. Ја разбираме оваа новонастаната состојба, пандемијата со коронавирус (COVID-19), што резултира со преоптеретување на здравствениот систем и има директно влијание врз планираните третмани, вклучително и оние за МС.
Ние ги охрабруваме пациентите со МС и здравствените работници да работат заедно во насока на навремено администрирање и подигнување на препорачаниот третманот за МС. Планирањето да се добие третман за МС треба да вклучува и стратегии за избегнувајте можна изложеност на коронавирусот за оваа високо-ризична група на пациенти, како на пример избегнување на чекање во чекални, навремено спроведување на постапката за издавање на терапија за МС и сместување во изолирана болничка соба веднаш по пристигнувањето во установата за лекување.
Со почит,
Ана Карајанова Димитрушева
Претседател на Национално здружение за МС