28. март – Ден на прогресивна мултипла склероза

Денот на прогресивната МС се одбележува на 28. Март. Овој ден е инициран од Genentech во партнерство со заедницата за застапување на МС за да се препознаат оние кои живеат со прогресивни форми на МС. Овој годишен ден нуди можност за луѓето погодени од мултипла склероза, застапниците на пациентите, давателите на здравствени услуги, владите и индустријата да споделуваат приказни на интернет и да ја покажат својата поддршка за луѓето кои живеат со прогресивни форми на МС.
Овој ден, исто така, претставува можност да се поттикнат повеќе истражувања за подобро да се разбере состојбата, да се откријат и развијат нови терапевтски опции, како и да се унапреди грижата и да се намали попреченоста.
Денот на прогресивна мултипла склероза е важен чекор во препознавењето на потребите на лицата со МС.
На многумина првично им е дијагностицирана релапсирачка форма на МС и преминуваат во прогресивна форма со влошување на симптомите на инвалидитет подоцна во животот.
Прогресивните форми на МС се тешки за лекување, бидејќи научната заедница сè уште не разбира целосно зошто болеста напредува, а многу истражувачки лекови не биле успешни во клиничките испитувања.
Вклучете се во Денот на прогресивна МС користејќи #ProgressiveMSDay и #MSVisibility.
За Националното здружение за МС
Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза. Oсновано е на 20. март 2019 година. Националното здружение е полноправна членка на Европската МС Платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platform, EMSP), полноправна членка на Светската алијанса на пациенти (анг. World Patient Alliance) и асоцијативна членка на Алијансата на пациентски организации (АПО).
Потребата за формирање на здружението се наметна како резултат на неопходноста за обединување на лицата со мултипла склероза, нивните семејства со цел согледување на нивните потреби и инволвирање на останати чинители заради решавање на проблемите на лицата со МС, како и подобрување на квалитетот на нивното живеење. Исто така, секојдневниот напредок во медицината, токму во областа на неврологија бара интензивирање на реформите во оваа област.
Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.
Повеќе за здружението на следниов линк. https://msmakedonija.eu.org/za-nas/.