Визуелни проблеми кај мултипла склероза

Проблемите со видот често се едни од првите симптоми што ги забележале луѓето со мултипла склероза (МС).
Проблемот со видот е еден од најчестите симптоми на МС и честопати е еден од првите што луѓето го забележуваат. Симптомите можат да вклучуваат заматен вид, двоен вид (диплопија), неволно привремено движење на очите и повремено, тотално губење на видот.
Проблемите со видот можат да бидат резултат на оштетување на оптичкиот нерв или недостаток на координација во мускулите на очите. Оптичкиот нерв го поврзува окото со мозокот. Воспалението или демиелиминацијата на оптичкиот нерв предизвикува оптички невритис, кој се доживува како привремено губење или нарушување на видот и евентуално болка зад засегнатото око.
Обично, видот се враќа делумно или целосно во рок од неколку недели. Додека е прилично ретко лице со МС целосно да го изгуби видот, воопшто не е невообичаено лицето да има повторливи епизоди на оптички невритис во текот на болеста, обично на едно око. Оштетување на оптичкиот нерв може да резултира со замаглување на видот, што може или пак не може целосно да се реши со текот на времето. Видот во боја бара многу нервни влакна од окото за точен пренос и е особено подложен на промени како резултат на демиелинација.
Необичност
Оптичкиот невритис може да предизвика голема, забележлива „слепа точка“ во центарот на визуелното поле, а лицето доживува визуелна слика со темно, празно подрачје во средина. Ова се нарекува централен скотом и не може да се коригира со очила или со лекови, иако употребата на кортикостероиди може да биде корисна во раната, акутна фаза.
Диплопија (двојно гледање), искуството да се види две од сè, е предизвикано од слабеење или некоординирање на мускулите на очите. Овој симптом обично се лекува со кортикостероиди. Покривањето на едното око додека се обидувате да возите или да прочитате, ќе ја запре двојната слика; сепак, трајното опоравување на окото ќе ја забави извонредната способност на мозокот да се прилагоди на слабоста и да произведе единствена слика и покрај ослабените мускули. Некои лекари препишуваат очила со посебни призми кои помагаат да се минимизира двојниот вид.
По прегледот, лекарот може да открие ритмичка необичност или отскокнување во едното или во двете очи. Овој релативно вообичаен визуелен наод кај МС се нарекува нистагмус. Нистагмус не предизвикува секогаш симптоми за кои лицето е свесно. Во случај да стане проблематично, понекогаш се препорачува клоназепан кој е ефикасен во намалувањето на овој вознемирувачки, но безболен проблем.
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.