Скала за проценка на степенот на инвалидитет

Скала за проценка на степенот на инвалидитет (анг. EDSS, Expanded Disability Status Scale) е метод на квантитативна проценка на инвалидитетот на лицето со мултипла склероза која овозможува следење на промените на степенот на инвалидитетот со тек на време. Таа е широко користена во клинички испитувања и во редовна рутинска клиничка пракса.
Скалата е развиена од страна на неврологот д-р John Kurtzke во 1983 година, како напредок од претходно користената Скала за статус на инвалидитет (анг. DSS, Disability Status Scale) во 10 чекори.
Скалата на EDSS се движи од 0 до 10 со 0,5 единици на зголемување што прикажува повисоко ниво на инвалидност. Бодирањето се базира врз испитувањата направени од страна на невролог, врз основа на пореметувањата во 8 функционални системи:
- пирамидални – мускулна слабост или тешкотии при движење на екстремитетите,
- церебеларна атаксија,
- губење на рамнотежа,
- координација или тремор,
- проблеми со говор,
- голтање и нистагмус,
- сензорни – вкочанетост или губење на чувствата,
- дисфункција на дебелото црево и мочниот меур,
- визуелна дисфункција – проблеми со видот,
- церебрални дисфункции – проблеми со размислување и меморија и
- друго.
Функционален систем претставува мрежа на неврони во мозокот со одговорност за одредени задачи. Секој функционален систем се претставува на скала од 0 (нема попреченост) до 5 или 6 (потешка попреченост).
EDSS од 1,0 до 4,5 се однесуваат на лица со мултипла склероза кои се способни да одат без никаква помош. EDSS од 5,0 до 9,5 се дефинирани во смисла на пореметувања при одење.
Скалата понекогаш е критикувана поради тоа што се потпира на одењето како главна мерка за попреченост.
Иако скалата ја зема предвид инвалидноста поврзана со напредна мултипла склероза, повеќето луѓе никогаш нема да ги достигнат овие стапки. Студија спроведена на клиниката во Онтарио (пред развојот на проширената верзија) покажала дека 51% од луѓето имале DSS резултат од 5 или помалку, додека 88% имале резултат 7 или помалку.
Опис на резултатот
EDSS 1,0 – нема попреченост, минимални знаци на попреченост во еден функционален систем
EDSS 1,5 – нема попреченост, минимални знаци на попреченост во еден функционален систем
EDSS 2,0 – минимална попреченост во еден попреченост
EDSS 2,5 – лесна попреченост во едeн функционален систем или минимална попреченост во два функционални системи
EDSS 3,0 – умерена попреченост во еден функционален систем, или лесна попреченост во три или четири функционални системи. Нема нарушување при одење.
EDSS 3,5 – умерена попреченост во еден функционален систем и повеќе од минимална попреченост во неколку други. Нема нарушување при одење.
EDSS 4,0 – значителна онеспособеност, но доволна за околу 12 часа на ден. Можнoст за одење без помош или одмор до 500 метри.
EDSS 4,5 – значајна попреченост, можност за работење цел ден, инаку можно е ограничување на целосната активност или потреба од минимална помош. Можност за одење без помош или одмор до 300 метри.
EDSS 5,0 – попреченоста е доволно голема за директно да влијае на способноста за работа. Можност за одење без помош или одмор до 200 метри.
EDSS 5,5 – попреченоста е доволно сериозна за да спречи целодневна активност. Можност за одење без помош или одмор до 100 метри.
EDSS 6,0 – потребна е помош при одење – бастун, патерица и друго. Можност за одење околу 100 метри со или без одмор.
EDSS 6,5 – потребни се две ортопедски помагала при одење, на пр. патерици, одалка итн. за движење околу 20 метри без одмор.
EDSS 7,0 – неможност за одење повеќе од 5 метри дури и со помош. Потреба од инвалидска количка или останати ортопедски помагала од тој тип. Во инвалидска количка повеќе од околу 12 часа на ден.
EDSS 7,5 – неможност да се направат повеќе од неколку чекори. Ограниченост во инвалидска количка и можеби потреба од помош при пренесување. Може да се движи исклучиво во инвалидска количка, но не во стандардна цел ден, потреба од електромоторна инвалидска количка.
EDSS 8,0 – во суштина ограниченост на лицето во кревет, столица или во инвалидска количка. Можност за функционирање надвор од кревет поголем дел од денот со задржани повеќето функции за само-грижа. Генерално ги користи рацете ефикасно.
EDSS 8,5 – во суштина голем дел од денот го минува во кревет. Може ефикасно да ги користи рацете за изведување на елементарни функции за само-грижа.
EDSS 9,0 – лицето е во кревет. Сè уште може да комуницира и да јаде.
EDSS 9,5 – ограниченост во кревет и целосна зависност. Не може ефикасно да комуницира и да јаде/голта.
EDSS 10,0 – смрт како последица на мултипла склероза.
Ограничувања на EDSS
И покрај тоа што е најшироко користена алатка за проценка на прогресија на попреченост кај мултипла склероза, EDSS има и некои ограничувања. На пример, дека резултатите на EDSS може да варираат поради сложените правила и од субјективната природа на невролошкиот преглед. Некои тврдат дека промените меѓу различните стапки на скалата (на пр. 1,0 до 2,0 и 4,0 до 5,0) се нееднакви и дека од 4,0 нагоре скалата се фокусира премногу на одењето како способност и потценува колку е важна функцијата на горниот дел од телото во насока на грижа и независност. Исто така, се истакнува дека некои функционални области не се доволно проценети, како што се когнитивната функција, расположението, нивото на енергија и квалитетот на животот.
Референци:
- Kurtzke JF. Rating-neurological impairment and multiple sclerosis: extended scale for disability status (EDSS). Neurology 1983; 33 (11): 1444-1452.
- Weinshenker BG, et al. Natural history of multiple sclerosis: a geographically based study. 1 Clinical course and disability. Brain 1989; 112: 133-146.
- Van Münster CEP, et al. Outcome measures in clinical trials for multiple sclerosis. CNS drugs 2017; 31 (3): 217-236.