Пораки кои можете да ги испратите на вашиот пријател со мултипла склероза

Дали имате пријател со мултипла склероза? Дали сакате да и/му испратите порака, но не сте сигурни што да кажете?
Мултипла склероза (МС) е непредвидлива болест со несакани ефекти и симптоми. Дури и во добрите денови, МС е сè уште таму, чекајќи го во сенка своето време повторно да заземе главна улога. Лошите денови можат да бидат неподносливи со болки, грчеви и спазми. МС влијае и на ментално здравје. Сето наведено предизвика релапс (напад) кој на веќе постоечките симптоми на вознемиреност и депресија додаваат дополнителни проблеми во и онака тешката битка.
Некои денови нема ништо подобро од добар разговор со пријател за да се почувствувате малку подобро. Во овие модерни времиња на современа технологија, текстуалната порака е најдобриот и најлесен начин да му дадете на знаење на пријател со MС дека мислите за него/неа. Често телефон се користи за повикување ургентен центар и за посебни пријатели.
Текстуалните пораки се одличен избор. Кој не сака охрабрување од пријател? Еве неколку пораки што би сакал да ги видам.
- Можеш да го направиш тоа, дури и кога мислиш дека не можеш. (Ова ми покажува дека веруваш во мене.)
- Тешките времиња не траат, но силните луѓе траат. (Ме прави да се чувствувам подобро кога моите пријатели мислат дека сум силна/ен.)
- Дали сакаш да дојдам и да не правам ништо со тебе? (Ова засекогаш ќе биде најпосебниот текст што некој некогаш го добил. Овој пријател навистина ќе дојде. Ќе седите на тремот со часови и не зборувате за ништо.)
- Дали сакаш превоз за преглед кај твојот лекар? (Превозот честопати е тежок за пациентите и на неговите негуватели понекогаш им е потребна пауза.)
- Дали сакаш само да се прошетаме и да слушаме музика? – (Тоа е смирувачко.)
- Ја истражував твојата болест – жал ми е што мора да го поминуваш тоа. (Тоа многу ни значи, кога некој ќе одвои време да истражи нешто што е толку огромен дел од нашиот живот.)
- Не си сам. Тука сум за тебе. (Те молам, немој да го кажеш ако не го мислиш тоа.)
- Смешно меме / фотографија. Мислев на тебе. (Смеењето помага.)
- Дали сакаш да зборуваме за нешто? (Понекогаш чувствувам дека луѓето се уморни од слушање за здравствени проблеми, но тоа помага. Замислете си колку сум уморен од тоа да го живеам.)
- Ти си многу повеќе од твојата МС. (Често ми треба овој потсетник.)
Ова се само идеи и примери на текстови што можеби би сакале да ги видиме. Навистина, дури и едноставно „здраво“ ќе заврши работа.
Кои СМС пораки би сакале да ги добивате вие?
Извор: http://moderndayms.com/2018/06/texts-to-send-your-friend-with-multiple-sclerosis/
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.