3 совети за ново дијагностицирани пациенти со мултипла склероза

Дијагностицирањето на мултипла склероза (МС) може да биде тешко и често ќе ви биде потребно време да се помирите со вестите. Несомнено ќе треба да направите некои промени во животниот стил, но важно е да сфатите дека сепак можете да живеете многу среќен и продуктивен живот и со оваа состојба. Еве ги најчестите три главни совети за справување со дијагнозата на МС.
Дајте си време
Вие најверојатно ќе бидете избезумени со емоции по соопштување на вашата дијагноза и сето тоа е сосема во ред. Работете на совладување на чувството на лутина, фрустрација и тага, давајќи си време и простор што ви треба за да ја прифатите вашата нова ситуација.
Групите и форумите за поддршка на интернет се одлични места за да ги споделите вашите првични чувства, бидејќи ќе разговарате со луѓе кои го поминале или го поминуваат истото искуство. Тие честопати можат да бидат подобри од семејството и блиските пријатели кои ќе можат да понудат сочувство, но не секогаш практични и емотивни совети што ви се потребни за да ви помогнат да одите напред.
Едуцирајте се
Постојат различни видови на мултипла склероза. Едуцирајте се за видот што го имате и што тоа може да значи за вас. Запомнете дека секој случај е различен и дека можеби нема да ги почувствувате сите симптоми поврзани со болеста и сериозноста на симптомите ќе се разликува од пациент до пациент.
Прочитајте за истражувања, клинички испитувања и нови лекови за МС, така што ќе можете да бидете проактивни, колку што е можно повеќе, во вашиот третман.
Започнете со третман веднаш
Бидејќи МС е прогресивна болест, колку побрзо започнете со третман, толку подобро. Можете да започнете да управувате со симптомите на болеста веднаш, додека некои лекови можат да помогнат во забавување на прогресијата на болеста. Зборувајте со вашиот доктор, медицинска сестра за промените во животниот стил што можете да ги направите за да го подобрите целокупното здравје.
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.