МС Македонија
  • Донирај!
  • Menu Canvas
    • Почетна
    • За нас
      • Станете член
      • Медицински/стручен одбор
      • Документи
      • Активности
      • Соработки
      • Корисни линкови
    • Мултипла Склероза
      • Што треба да знаете
      • База на знаење
      • Виртуелен МС Советник
      • Закони и прописи
      • Биди физички активен!
      • Психолошка и психотерапевтска помош
    • COVID-19 и МС
      • Поврзани содржини
    • Публикации
    • Вести
    • Контакт
  • Контакт: msmakedonija@gmail.com
    • Станете член
    • Донирај
    • MSM Facebook
    • MSM Youtube
  • flag en English
    • flag fr French
    • flag de German
МС Македонија
  • Почетна
  • За нас
    • Станете член
    • Медицински/стручен одбор
    • Документи
    • Активности
    • Корисни линкови
  • Мултипла Склероза
    • Што треба да знаете
    • База на знаење
    • Виртуелен МС Советник
    • Закони и прописи
    • Биди физички активен!
    • Терапевтска Јога
    • Психолошка и психотерапевтска помош
  • COVID-19 и МС
    • Поврзани содржини
  • Публикации
  • Вести
  • Контакт

Погрешна дијагноза: овие 13 болести може да се помешаат со мултипла склероза

Homepage Мултипла Склероза Погрешна дијагноза: овие 13 болести може да се помешаат со мултипла склероза

Погрешна дијагноза: овие 13 болести може да се помешаат со мултипла склероза

msmakedonija
јули 16, 2020
Мултипла Склероза

Иако мултиплата склероза (МС) се манифестира со мноштво симптоми и знаци, не постои типичен симптом само за МС. Многу нив се слични или јавуваат кај многу други болести.

Затоа поставувањето на точна дијагноза на мултипла склероза може да биде предизвик за здравствените работници. Не секое лице со МС има исти или слични симптоми како што се најчесто замор, вкочанетост, пореметен вид, болка итн. Некогаш овие симптоми можат да бидат резултат на некои од следниве болести:

  1. Лајмска болест

Лајмската болест е инфективно заболување предизвикано од бактерии кои припаѓаат на родот Borrelia и тоа: Borrelia burgdorferi, Borrelia garinii и Borrelia afzelii. Оваа болест кај луѓето се пренесува преку убод од инфициран крлеж. Затоа и пикот на ширење на болеста се поврзува со периодот кога крлежите се најактивни, т.е. од почетокот на пролетта до крајот на есента. Раните симптоми на лајмската болест вклучуваат замор, треска, главоболки, болки во мускулите и зглобовите. Подоцна, симптомите може да вклучуваат вкочанетост и пецкање во рацете и нозете, како и когнитивни проблеми како што се краткорочен губиток на меморијата и проблеми со говорот.

  1. Мигрена

Овој тип на главоболка може да предизвика интензивна болка, чувствителност на светлина, звук или мирис, гадење и повраќање, заматен вид, па дури и несвестица. Еднo истражување објавена во Neurology, август 2016 година покажало дека мигрената била најчестата правилна дијагноза поставена кај пациенти на кои им била дадена погрешна дијагноза, односно дека боледуваат од мултипла склероза. Според ова, главоболки, особено мигренозни се вообичаени кај мултипла склероза, тоа го покажало и една студија објавена во април 2011 година.

  1. Нарушување на конверзија и психосоматски болести

Ова се состојби при кои психолошкиот стрес се претвора во физички проблем – како што се слепило или парализа, за кои не можат да се најдат медицински причини. Во една студија, 11% од испитаниците сигурно или веројатно погрешно биле дијагностицирани со МС, а всушност имале ваков тип на нарушувања.

  1. Оптички невромиелитис или болест Девич

Ова е воспалително заболување, како мултипла склероза, која ја напаѓа миелинската обвивка – заштитната обвивка на нервните влакна на оптичките нерви и ‘рбетниот мозок. Симптомите вклучуваат ненадеен губиток на видот или болка во едното или двете очи, вкочанетост или губење на сензација во рацете и нозете, тешкотии во контрола на дебелото црево и мочниот меур и неконтролирано повраќање и икање.

Лековите за МС не се ефикасни, па дури можати да ја влошат состојбата, па затоа точна дијагноза е од исклучително значење. Со помош на анализа на крвта со тест познат како NMO IgG (aquaporin-4 autoantibody – AQP4) може да се направи разлика меѓу двете болести.

  1. Лупус

Лупус е хронично, автоимуно нарушување, слично на МС, кое почесто се јавува кај жените отколку мажите. Може да предизвика болка во мускулите, оток во зглобовите, замор и главоболки. Друг симптом на лупус е осип на кожата во облик на пеперутка која ги покрива образите и носот. Но, само околу половина од болните со лупус имаат и осип. Не постои специфичен дијагностички тест за лупус, па затоа што симптомите се слични со симптомите на многу други состојби, понекогаш се нарекува „голем имитатор“. Болеста обично се дијагностицира врз основа на бројни лабораториски тестови и симптоми кои се карактеристични за болните со лупус.

  1. Мозочен удар

Се јавува кога мозокот престанува да добива стабилна количина на крв и на тој начин се јавува недостиг на кислород и хранливи материи. Симптомите на мозочен удар вклучуваат губиток на видот, губиток на чувство во екстремитетите, обично на едната страна од телото, тешкотии при одење и зборување. Сето ова може да биде знак и за МС. Но, возраста на лицето кое ги има овие симптоми може да помогне во откривање на точната дијагноза.

Мултипла склероза може да се јави и кај лица со 70 годишна возраст, но колку лицето е постаро толку повеќе се смета за проблем со мозокот, а не со МС.

  1. Фибромијалгија

Оваа болест и МС имаат слични симптоми, вклучувајќи главоболки, болки во зглобовите и мускулите, вкочанетост и пецкање, проблеми со меморијата и замор. Како и кај МС, фибромијалгијата е почеста кај жените отколку кај мажите. Но, за разлика од мултипла склероза, лице кое има фибромијалгија на магнетна резонаца нема мозочни лезии.

  1. Sjögren-ов синдром

Станува збор за уште едно автоимуно нарушување, чии симптоми се преклопуваат со многу други автоимуни болести. Sjögren-ов синдром предизвикува замор и болка во мускулите и коските и почест е кај жените отколку кај мажите. Меѓутоа, оваа хронична воспалителна болест се карактеризира со прекумерна сувост на очите и устата, а тоа не е поврзано со МС.

  1. Васкулитис

Воспаление на крвни садови кое може да ја имитира МС. Во зависност од видот на васкулитисот, симптомите може да вклучуваат болки во зглобовите, заматен вид, вкочанетост, трнење и слабост на екстремитетите. Некои форми на васкулитис не бараат третман, додека други може да имаат потреба од долготрајно користење на лекови.

  1. Мијастенија гравис

Хронична автоимуна болест која предизвикува мускулна слабост, која обично се појавува и исчезнува, но со текот на времето напредува. Слабоста е предизвикана поради недостаток на пренос на нервни сигнали во мускулите. Кај многу лица, првите знаци се пад на очните капаци и двојно гледање. Како кај мултипла склероза, исто така може да предизвика потешкотии со одење, говор, џвакање и голтање. Ако лекарот се посомнева на мијастенија гравис, серија на тестови можат да помогнат да се потврди или исклучи дијагнозата.

  1. Саркоидоза

Уште една воспалителна автоимуна болест која има слични симптоми со МС, вклучувајќи замор и нарушен вид. Но, саркоидозата најчесто ги зафаќа белите дробови, лимфните јазли и кожата, предизвикувајќи кашлица или отежнато дишење, зголемени лимфни јазли. Лекарите веруваат дека саркоидозата е резултат на реакција на имунолошкиот систем на страни супстанции, обично нешто што го вдишувале со воздухот.

  1. Недостаток на витамин Б12

Недостаток на витамин Б12 може да предизвика симптоми слични на МС како што се замор, ментална конфузија, вкочанетост и пецкање во рацете и нозете. Тоа е затоа што витамин Б12 игра улога во метаболизмот на масните киселини кои се неопходни во одржување на миелинската обвивка. Недостаток на витамин Б12 може да се идентификува со едноставен тест на крвта.

  1. Акутен дисеминиран енцефаломиелитис

Тешка воспалителна болест која го зафаќа мозокот и ‘рбетниот мозок. Симптомите вклучуваат треска, замор, главоболка, гадење, повраќање, губиток на видот и тешкотии при одење. Акутниот дисеминиран енцефаломиелитис се јавува почесто кај деца, додека МС главно кај возрасни лица.

При појава на симптоми слични на МС, најважно е да не паничите, но да побарате стручна помош, и ако ви треба и второ стручно мислење.

Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте  ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.

 

Previous Story
Колку (не)се важни лицата со мултипла склероза за политичките партии?
Next Story
Доделени благодарници на наши соработници

Најнови објави

  • МС Барометар 2020
  • Вежби за долниот дел од телото
  • Јога на столче – вовед
  • Нова веб страница на Националното здружение за МС
  • Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?

Тагови

JC JCV ms sovetnik virus МС ПМЛ Прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија Светски ден на МС вирус мултипла мултипла склероза склероза

Национално здружение за МС

Здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза.

  • Почетна
  • За нас
  • Мултипла Склероза
  • COVID-19 и МС
  • Публикации
  • Донирај!
  • Вести
  • Контакт

    Национално Здружение за МС - Сите права задржани.
    SearchPostsLoginCart
    понеделник, 15, Мар
    МС Барометар 2020
    вторник, 2, Мар
    Вежби за долниот дел од телото
    вторник, 2, Мар
    Јога на столче – вовед
    среда, 17, Фев
    Нова веб страница на Националното здружение за МС
    понеделник, 15, Фев
    Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?

    Welcome back,