Новата револуционерна имунотерапија може да е пресврт во симптомите на мултипла склероза

За сите лица со МС, новата терапија на „Atara Biotherapeutics“ може да ги зголеми надежите за пронаоѓање на вистинскиот лек за оваа хронична невролошка болест.
Мало клиничко истражување покажа дека новата имунотерапија насочена кон клетките инфицирани со Епштајн-Бар вирусот (Epstein-Barr Virus (EBV) ја запре прогресијата на мултипла склероза (МС). Она што е уште поневеројатно е дека кај некои пациенти е можно симптомите на МС да се всушност обратни, иако тоа не е целосно идентификувано во најновата презентација на резултатите од наведеното тестирање.
Резултатите од испитувањето беа претставени од страна на Atara Biotherapeutics на „EBV and MS day“ на 22 март и во претходното соопштение за печатот од октомври 2021 година.
Таргетирањето на вирусот станува се поприфатлив начин да им се помогне на лицата со оваа хронична невролошка болест, бидејќи значајни докази ја поврзуваат инфекцијата со ЕБВ со евентуалниот развој на МС. Врската е исклучително силна, но ЕБВ можеби не е единствениот виновник, туку само еден фактор во долгата низа на настани кои водат до развој на болеста.
Ако кај пациентот состојбата од почетокот на болеста бавно се влошува, тогаш тој пациент има нешто што се нарекува прогресивна МС, што влијае на 10-15 проценти од лицата со МС. Прогресивната МС резултира со симптоми кои бавно се влошуваат бидејќи имунолошкиот систем го насочува миелинот на површината на нервните клетки, со што ги оштетува и спречува ефективен пренос на сигналот. Во моментов има ограничени опции за лекување на прогресивна МС.
Во обид да го трансформира третманот на мултипла склероза, Atara Biotherapeutics разви алогена терапија со Т-клетки наречена ATA188. Концептот е едноставен, кога клетките се инфицирани со ЕБВ, тие создаваат мали протеини наречени антигени на површината на заразените клетки, а имунотерапијата содржи имунолошки клетки кои ги таргетираат и уништуваат.
Во студија спроведена на 24 пациенти кои примале терапија, 20 пријавиле подобрувања или стабилност на симптомите и не биле пријавени фатални или сериозни несакани ефекти. Раните скенирања на мозокот сугерираат дека некои оштетени нервни клетки можеби биле „поправени“ со терапија во процес наречен ремиелинизација, што може да значи поправање на штетата предизвикана од МС во нервниот систем, но тоа сè уште не е потврдено.
Иако резултатите се крајно ветувачки, ова е испитување во рана фаза 1, со мала големина на примерокот и без плацебо или контролна група, така што во оваа фаза на тестирање не е јасно дали резултатите се значајни. Сепак, малку е веројатно дека оваа „поправка“ би се случила природно, што сугерира дека терапијата на одредено ниво има корисен ефект.
Истражувачите сега продолжуваат да ги евидентираат учесниците во нивното рандомизирано (по случаен избор) клиничко испитување од фаза 2, кое ќе вклучи поголем примерок од 80 пациенти и плацебо доза која ќе ја прими таканаречената контролна група на пациенти.
Извор: https://www.iflscience.com/health-and-medicine/ms-symptoms-may-have-been-reversed-in-immunotherapy-breakthrough/
Забелешка: Овој текст има информативен карактер и не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.