Мултипла склероза кај жени: вообичаени симптоми

Мултипла склероза (МС) се смета за автоимуна состојба која влијае на мозокот и ‘рбетниот мозок. Болеста ги погодува жените почесто од мажите. Според National Multiple Sclerosis Society, жените може да имаат до три пати поголема веројатност од мажите да заболат од МС. Болеста може да предизвика и симптоми специфични за жените. Но, жените и мажите имаат најчесто исти симптоми на МС.
Симптоми на МС специфични за жени
Симптомите на МС кои првенствено ги погодуваат жените се чини дека се однесуваат на нивото на хормоните. Некои истражувачи сметаат дека пониското ниво на тестостерон може да игра улога. Други сметаат дека флуктуациите во женските хормони може да бидат фактор. Потребно е повеќе истражување за да се утврдат вистинските причини за овие разлики во симптомите. Главните симптоми кои имаат поголемо влијание на жените отколку на мажите вклучуваат менструални проблеми, симптоми поврзани со бременоста и проблеми во менопаузата.
Менструални проблеми
Истражувањата покажаа дека кај некои жени се зголемиле симптомите на МС во текот на нивниот месечен циклус. Тоа може да се должи на пад на нивото на естроген во тој период. Симптомите кои се влошиле кај учесниците во текот на студијата вклучуваат слабост, проблеми со рамнотежа, депресија и замор.
Симптоми поврзани со бременоста
Добри вести за жените со МС: Истражувањата откриле дека МС нема ефект врз плодноста. Тоа значи дека МС не ве спречува да забремените и да донесете на свет здраво дете. Уште подобри вести се дека кај повеќето жени, симптомите на МС всушност се стабилизираат или се подобруваат за време на бременоста, особено за време на вториот и третиот триместар. Сепак, вообичаено е тие да се вратат по породувањето.
Повеќе за МС и бременоста прочитајте тука.
Менопауза
Според некои истражувања, кај некои жени, симптомите на МС се влошуваат по менопаузата. Како и кај менструалните симптоми, ова може да се должи на пад на нивото на естроген предизвикан од менопаузата. Студиите покажаа дека хормон заместителната терапија (анг. hormone replacement therapy, HRT) помага во олеснување на овие симптоми кај жените во постменопауза. Сепак, HRT е поврзана и со зголемен ризик од карцином на дојка, срцеви заболувања и мозочен удар. Ако имате прашања во врска со тоа дали HRT може да ви помогне во управувањето со симптомите на МС по менопаузата, разговарајте со вашиот лекар.
Извор: https://www.healthline.com/health/multiple-sclerosis/common-ms-symptoms-women#other-common-symptoms
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.