Лук и мултипла склероза

Употребата на лук има кулинарска и медицинска цел и таа потекнува од векови назад на секое место на земјината топка во различни мерки. Кажано е дека лукот спречува и третира различни медицински состојби, од најобична настинка до висок притисок. Многу здраствени бенефити од лукот се поткрепени со клинички испитувања и податоци од нив. Но сепак постојат неколку испитувања за лукот, неговата поврзаност и влијание на лица со МС.
За лукот
Лукот или научно познат како ALLIUM SATIVUM L, претставува растение слично на кромид, праз и младо кромитче. Повеќето лекови со лук вклучуваат во својот состав масло од лук и лук во прав или екстркт на лук. Екстрактот на лук се добива со тоа што се потопува лук во етил алкохол и се остава да стои неколку месеци. Лукот се јаде зготвен, а може и незготвен.
Околу 40 биоактивни состојки се идентификувани како состојки на лукот. Научниците сѐ уште се во процес на откривање на корисни состојки за здравјето. Најбитни состојки кои ги содржи лукот се амино киселините, ензими, минерали и сулфур (органски сулфур).
Свежи главици лук
Неколку типа на свеж лук се употребуваат во готвењето. Лукот содржи биоактивни состојки. Ова се хемикалии што имаат позитивно влијание врз здравјето и телото, различни видови на лук имаат различен вкус, почнувајќи од лут до благ и имаат различни биоактивни состојки кога се различно концентрирани.
Суплементи/додатоци на лук
Лукот може да се конзумира како суплемент, во кој активните состојки на истиот се земени од свежи главици лук. Различно извлекување на концентрација на лукот има различен ефект, бидејќи концентрацијата на лукот влијае врз функцијата на лукот и неговиот бенефит врз здравјето на луѓето.
Потенцијални придонеси на лукот кај луѓе со МС
Истражувањата на влијанието на лукот врз луѓе со МС се лимитирани. Лукот може да има влијание врз здравјето на луѓе со МС во однос на неговата невропротективна страна, кое помага во подобрување на учењето, зголемување на меморијата и процесот на спознавање. Концентратите на лук обично се користат за зголемување на здравјето на мозокот.
Лукот и неговиот невропротективен ефект кој може да помогнат да се спречи невронска смрт и невродегенерација
Здравите индивидуи, кај кои невроните се заразени, воспалени, или повредени, тие поминуваат низ процес на самоуништување кој се нарекува АПОПТОЗА или смрт на клетките. Сѐ уште е под хипотеза дали воопшто тие клетки имаат влијание во однос на лицата со МС. Лукот може да помогне во однос на апоптозата кај луѓето со МС.
Лукот има анти инфламаторно дејство кое помага во намалување на воспалението и може да го заштити централниот нервен систем од воспаление.
Лукот и неговите антиоксидативни ефекти можат да помогнат во процесот на спознавање
Анти оксидативните својства на лукот имаат цел да ги штитат невроните од токсичност, оксидативен стрес и природните ефекти на стареење и состојби на централниот нервен систем.
Лукот може да го намали ризикот или да помогне во третман на состојби на коморбидитет
Луѓе со МС имаат зголемен ризик за појава на коморбидитети (други состојби). Лукот може да помогне во превенција или менаџирање на некои состојби кои луѓето со МС ги прават почуствителни, а тоа се:
- Кардиоваскуларни болести или болести на срцето
- Мекои типови на рак, како што е колон и рак на простата
- Метаболично нарушување како на пример диабетис тип 2
- Хиперлипидемиа
Можен ризик од конзумирање на лук
Лукот генерално се смета дека е сигурен за јадење и претставува основна состојка во многу кујни. Сепак постои недостаток од информации за сигурноста во неговата употреба, особено кога се јаде во големи количини.
Можни здраствени ризици
Лукот има антикоагулантни својства кои може да придонесат во зголемување на проблемите при крварење, особено кај луѓе кои примаат лекарства за спречување на згрутчувањето.
Некои истражувачи тврдат дека стимулаторите на лук влијаат врз имуниот систем. Други истражувачи тврдат дека лукот го нормализира имуниот систем. За луѓе со МС кај кои имуниот систем не фунционира нормално, зголемена активност на истиот не би помогнало.
Можни последици
Најчеста последица од конзумирањето лук е мирисот на телото и здивот. Според некои истражување се јавуваат и гатсроинтестинални или стомачни проблеми што предизвикуваат надуеност, диареа, гасови, болки во градите, мачнина и нагони на повраќање.
Моментално не постојат истражувања за поврзаноста меѓу лековите за МС и лукот, затоа е потребно секогаш да се разговара со лекар кога ќе се земаат суплементи.
Неколку податоци кои помагаат за зголемување на здраствените бенефити на лукот:
- Исечете ги или издробете ги главиците лук. Ова помага во активирање на состојките на сулфур кои ги содржи лукот. Оставете го лукот да постои некоку минути помеѓу сечење и готвење за да обезбеди максимум здраствен бенефит,
- Избегнувајте да го подгревате лукот на температура повисока од 60 степени целзиусови/140 степени по фаренхајт. Подгревањето го менува PH балансот на лукот и ги убива некои од корисните состојки.
- Ферментиран лук или таканаречениот црн лук обезбедува најголема концентрација на здрави состојки, a тука спаѓаат и зготвен лук и лук во прав. Треба да се има на ум дека јадењето свеж лук може да го иритира стомакот.
Извор: https://www.mymsteam.com/resources/garlic-and-ms-are-there-potential-health-benefits
Забелешка: Овој текст има информативен карактер и не оезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.