5 начини да се избегнат грешките со лекови
Промената е добра, но не секогаш и во аптека.
Секој месец голем број лица го земаат својот препишан лек од аптека и откриваат дека таблетата изгледа поинаку од претходниот месец. Тркалезните, бели апчиња од минатиот месец со врежана ознака „3972V“ сега се розови, тркалезни и имаат отпечаток „Lupin 10“.
И покрај тоа што повеќето од нас сфаќаат дека аптеката го заменила генеричкиот лек од минатиот месец со генерички лек од овој месец (веројатно поради поевтината големопродажна цена), сепак ни предизвикува загриженост. Фармацевтите и лекарите се прецизни во препишувањето и издавањето на точните лекови, но може да се случат грешки.
Кои се основните 5 работи кои треба да ги знаете за да бидете сигурни дека го земате вистинскиот лек?
- Формите и боите на генеричките лекови често се менуваат.
Кога лекот ќе стане достапен генерички производителот може да ја промени бојата, обликот или отпечатоците од оригиналната таблета или капсула. За да ви заштеди пари фармацевтот може автоматски да го префрли вашиот препишан лек на генерички, кога ќе стане достапен.
Во една студија објавена во угледното медицинско списание „Annals of Internal Medicine“, научниците ги разгледаа медицинските досиеја на преку 11.500 Американци хоспитализирани поради срцев удар. Сите учесници добија генеричка верзија на најмалку еден срцев лек како што се бета-блокатори, АКЕ инхибитори , блокатори на ангиотензин II рецепторите, или статини.
- За време на студијата, 29% од пациентите забележале промена во бојата или обликот на таблетите, а тоа довело до поголема веројатност да ја прекинат употребата на лекот, за разлика од оние кај кои немало промени.
- Експертите објавија дека кога лекот за срце ја менува бојата, пациентите имале 34% поголеми шанси да го прекинат лекот; доколку се смени обликот на таблетата шансите да се прекине се зголемуваат до 66%.
- Иако студијата не може да докаже дека промените на таблетите довеле до неусогласеност, асоцијацијата се чини дека е силна.
- НЕ треба да прекинете со употреба на препишаниот лек без да се консултирате со вашиот лекар
Зошто? Бидејќи многу од лековите се задржуваат во вашиот организам кратко време, а наглото прекинување на лековите може да ја влоши медицинската состојба или да предизвика сериозни несакани ефекти.
Важно е да НЕ ПРЕСТАНУВАТЕ да ги земате вашите таблети без одобрение од лекар. Во горенаведената студија, некои пациенти ги прекинаа лековите за срце, што може да биде опасно па дури и фатално за нивниот живот.
- ПРЕД да го напуштите шалтерот во аптеката проверете ги шишенцата со таблети.
Пред да ја напуштите аптеката, отворете го шишето со апчиња и проверете дали изгледаат исто како претходно.
- Ако се чини дека вашите таблети се со различна боја или форма од претходно, фармацевтот можеби ставил етикета на шишето или приложил информација која ве предупредува за промената.
- Ако сакате, пред да ја напуштите аптеката консултирајте се со фармацевтот директно, за да бидете сигурни дека сте ги добиле препишаните апчиња.
- Ако сакате да продолжите со лекот од истиот производител, и бојата и формата на таблетите да не се менува од месец во месец, прашајте го фармацевтот дали постои таква можност.
- Пребарајте ја вашата таблета користејќи го „ com Pill Identifier Wizard“
Има големи шанси дека „ Drugs.com Pill Identifier Wizard“ (Идентификатор на лекови) може да ви помогне да го усогласите отпечатокот, големината, обликот или бојата на таблетата, и да ве доведе до детален опис во нашата база на податоци за лекови. Исто така, можете да ја користите оваа алатка за да ги идентификувате залутаните апчиња за кои не сте сигурни што содржат. За какви било отворени прашања консултирајте се со вашиот лекар.
Како да го користите „Идентификаторот на лекови“ за прецизно да го идентификувате вашиот лек.
- Внесете ја буквата или бројките од вашата таблета (видете го примерот во полето за пребарување).
- Изберете ја бојата на таблетата од менито.
- Изберете го обликот на таблетата од менито.
- Ако вашата таблета нема отпечаток тоа може да биде витамин, додаток на исхраната, билни или енергетски таблети, недозволена дрога или странски лек.
- Исто така, можете да го внесете името на лекот (марка или генерика) или Националниот код за лекови (National Drug Code), доколку го знаете.
- Производителите имаат посебни логоа кои често ги ставаат на таблетите и многу од нив можете да најдете овде.
- Ако не успеете да го најдете лекот во базата на податоци, обратете се за помош кај вашиот лекар или фармацевт.
- За чести прашања и одговори размислете да се придружите на „групата за поддршка за идентификација на лекови“ (Pill ID Support Group) на страната „ com“.
- Комуницирајте со вашиот лекар и фармацевт.
Комуникацијата е најдобриот начин да се избегнат грешки со лековите. Не само што сакате правилно да го идентификувате лекот, туку сакате да соберете и други важни информации за вашиот третман како:
- Кое е бренд или генеричко име?
- За што се користи лекот?
- Која е мојата препишана доза и кога да ја земам?
- Колку долго треба да го земам лекот?
- Дали лекот има интеракции со храна, со други болести, или други лекови?
- Кои несакани ефекти може да се појават?
- Што ако пропуштам доза?
Не заборавајте да го информирате вашиот лекар за сите лекови што ги земате, вклучително и лекови кои се издаваат на рецепт и без рецепт, хербални суплементи и витамини.
Друга причина да не се откажете од вашиот генерички лек се сведува на трошоците. Цените на лековите во САД растат. Генеричките лекови се еден од најефикасните начини за заштеда на финансии за лекување.
Не сите лекови се достапни генерички, но оние кои се имаат потполно исти активни состојки и терапевтски ефекти како и брендираните лекови, и може да чинат 30% до 80% помалку. „FDA“ исто така ги поддржува генеричките лекови и ја поттикнува нивната употреба.
Не чекајте да стигнете во аптека за да побарате генерички лек со пониска цена. Кажете му на вашиот лекар, или друг давател на здравствена заштита, дека претпочитате генерички производи пред да го напише рецептот.
Извор: https://www.drugs.com/article/avoiding-drug-errors.html
Забелешка: Овој текст има информативен карактер и не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.