Колку кофеин конзумирате?

Вашиот аларм се огласува во 7 часот наутро.
Се растегнувате мрзеливо, стискате (snooze) и го одложувате алармот, се вртите на другата страна и продолжувате да спиете.
Десет минути подоцна, вашиот аларм повторно се огласува.
Повторно стискате snooze.
Тоа го повторувате неколку пати.
На крај, со воздишка стигнувате до вашиот телефон и ги прегледувате социјалните медиуми.
Еден час подоцна, ја повлекувате едната нога од кревет, потоа втората и некако го подготвувате вашето утринско кафе.
Се чувствувате утешно додека топла течност тече низ вашето грло.
Наскоро вашиот ум се буди.
Дали се буди?
Следните неколку часови ги поминувате обидувајќи се да ги поминете задачите додека се чувствувате исцрпени. Телото не се чувствува најдобро. Како да носи тешка вреќа со песок.
Неколку часа подоцна, го правите следното кафе. Очајни сте за следната кофеинска неопходност за да можете кратко време да се чувствувате будни.
Неколку часа потоа се рушите. Исцрпувањето го победува секој дел од вас.
Секој ден е ист.
Ова предолго беше мојата рутина по дијагностицирањето на мултипла склероза.
Откако направив целосна промена, мојот живот е многу различен. Телото ми се чувствува многу подобро. Јас сум помалку анксиозен, имам помалку болка, помалку сум под стрес и имам помалку главоболки.
Сакате да знаете во што се состои промената?
Сите овие резултати ги постигнав со тоа што се префрлив на чај и кафе без кофеин.
Не сфаќајте ме погрешно, во прво време го мразев. Толку многу други нешта содржат кофеин, како што се сода и чоколадо.
Порано кажував: „Кафето е единственото нешто што ми го расчистува мозокот!“.
Како што одминуваше времето, бескофеинскиот избор стана одлична замена. Сè уште имам утешително чувство да имам утринско кафе, но се чувствувам многу подобро.
Доказите сугерираат дека кафето е поврзано со помал ризик од развој на мултипла склероза заради кофеинот. Меѓутоа, ако пиев четири до шест шољи кафе на ден, воопшто не би се чувствувал добро. Ќе бев вознемирен, слаб, анксиозен, под стрес и исцрпен.
Мојот ум е чист и многу помалку сум под стрес без внесување кофеин. Да, маглата во мозокот сè уште постои, но се чувствувам малку повеќе буден без кофеин поради асоцирањето на мозокот дека внесувам кафе. Како и да е, мојата мозочна магла се разбистри целосно со кофеинот.
Сега внесувам кофеин кога има сина месечина, и се чувствувам чудно.
Важно е да се напомене дека сè уште има мали количини на кофеин во бескофеинскиот чај и кафе. Ако сакате целосно да го прекинете, одлучете се за билни чаеви, како што е пеперминт.
Сега се префрлив на чај главно од пеперминт, што никогаш не мислев дека ќе можам да го направам! Исто така, следам колку вода пијам секој ден. Ќе се чувствувате одлично кога ќе ги контролирате овие работи.
Психолозите велат дека ќе ги промените вашите постапки само кога вашите верувања и вредности ќе се усогласат со таа акција. Со други зборови, мора да сакате да направите промена за да стане навика.
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.