За семејството и пријателите: Како можете да помогнете на лице со хронична болест

Многу луѓе се подготвени искрено да помогнат; тие едноставно не знаат од каде да почнат. Тие често ја нудат својата помош велејќи: „Јави ми се ако ти треба нешто“. Ова за жал, не функционира.
Кога некој има хронична болест, тој е принуден да се откаже од безброј соништа: од губење на кариера до неможност да ги заврши едноставните секојдневни задачи. Независноста што ја имаа цел живот наеднаш ја снема и тие останаа со борбата да им треба помош, а сепак да се чувствуваат како товар ако ја побараат; освен тоа, ако најдат храброст да се јават, тоа неизбежно ќе биде лошо време за вас.
Личност со хронична болест ќе ви каже како можете да помогнете, едноставно доколку слушате. Честопати, им требаат возења до лекарски прегледи или голема корист би имале ако можете да извршите некоја задача за нив.
Но, како можете да помогнете ако не ви се јават кога ќе им треба помош? Едноставно…вие ќе ги повикате. Знаат дека сте зафатени, преоптеретени и немате многу слободно време; тие не сакаат да го надополнуваат вашиот притисок. Тајната да ги натерате да ја прифатат вашата многу потребна помош е кога правите нешто за вас.
Можете да го направите тоа така што ќе се јавите и ќе кажете: „Одам во самопослуга, можам ли да ти набавам неколку работи?“ Ова е неверојатен начин да заштедите енергија на вашиот пријател или член на семејството, тие знаат дека не мора да правите посебно патување само за нив и тоа е практично без напор од ваша страна.
Друг начин да им се приближите е да им кажете: „Имам малку време во вторник, дали можам да поминам на кратка посета? И додека сум таму, би сакал да ги здиплам алиштата или измијам садовите“.
Понекогаш друштвото може да биде прилично стресно за некој со хронична болест, бидејќи тоа лице веројатно заостанува во домашните обврски; но ако изразите дека навистина ја разбирате нивната неможност да останат во чекор со исполнување на обврските, тие нема да се чувствуваат толку засрамено.
Друг начин да се олесни нивната ситуација со одржување на домаќинството е да се организираат неколку луѓе за редовно чистење; ако имате доволно пријатели за учество, тоа може да ве чини евтино!
Бидејќи излегувањето често е премногу напорно, можете да им донесете ручек или подготвите шолја чај! Ако не се чувствуваат добро за посетата, можете да наминете и да им оставите подготвен оброк или видео.
Сè на сè, не заборавајте да слушате, да верувате во она што го слушате, да им дозволите да кажат „не“ и да понудите помош. Не двоумете се да одвоите време за помош; тоа што е едноставно за вас, може да им заштеди денови на мачна работа на лицата со хронична болест!
Извор: https://msfocus.org/Magazine/Magazine-Items/Posted/For-Family-and-Friends-How-You-Can-Help
Забелешка: Овој текст има информативен карактер и не оезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.