Како да останете безбедни и кога патувате

Најдобар начин да уживате во вашето патување е да ги избегнете честите предизвикувачи на симптоми поврзани со мултипла склероза (МС). Еве како:
Избегнувајте инфекции.
Ако патувате во странство, прашајте го вашиот лекар дали ви е потребна вакцина, но имајте на ум дека некои вакцини можеби ќе треба да се користат со претпазливост кога земате одредени лекови за МС. Почесто мијте ги рацете за време на патувањето и носете средство за дезинфекција за раце. Инфекциите на уринарниот тракт се чест проблем. „Пијте многу течности и бидете сигурни дека одите во тоалет кога ви е потребно, не воздржувајте се”, советува д-р Мери Ренсел, невролог која специјализирала мултипла склероза на клиниката во Кливленд, САД.
Избегнувајте топлина.
Топлина и влажност се многу чести предизвикувачи на симптоми поврзани MС. Избегнувајте дестинации за патување со екстремна топлина. Многу лица со MС патуваат со ладен елек (елек, кој ве лади со помош на пакети мраз или батерии). „Ако патувате за да избегате од студ, направете ги вашите активности на отворено наутро или во попладневните часови”, предлага Ренсел.
Избегнувајте замор.
Патувањето може да предизвика замор доколку не ја применувате вообичаената рутина. Осигурајте се дека сте доволно наспани и не се присилувајте да излезете од зоната на удобност. „Патувањето низ временските зони може да го наруши вашиот внатрешен часовник”, изјави Ренсел. „Направете додатоци за промени во времето и обидете се да останете на вашиот редовен распоред за спиење и будење”. Избегнувајте кофеин и алкохол. Внимавајте вашиот багаж да е на тркала.
Ограничете го стресот.
Стресот е другиот голем предизвикувач на симптоми поврзани со МС во тек на патувањата. Некои стресови се неизбежни, но планирањето однапред е вашата најдобра одбрана. „Патувањето со MС е како да живееме со MС”, рече Бела, пациентка со МС. „Секогаш планирам однапред. Сакам да знам каде е тоалетот и каде е рамно за одење”. Доколку добро планирате, вашиот одмор може да го намали стресот наместо да предизвика поголем стрес. На пример, однапред побарајте инвалидска количка на аеродром, побарајте пристап до патеката за движење и резервирајте хотелска соба на првиот кат.
МС – пријателски туристички компании
Друг начин за да се обезбеди здраво патување и патување без стрес е да резервирате во туристичка агенција која има искуство со лица со МС. Многу туристички агенции специјализираат за патување за лицата со попреченост/инвалидитет. Вие само треба да ги известите што ви е потребно.
Веб-страницата на The National Multiple Sclerosis Association има дел за патување со линк до целосен водич за туристички ресурси за лицата со попреченост.
„Најлошото нешто да се направи со MС е да не се потрудите и да се откажете”, рекол Вајт, пациент со МС. „Можеби ќе треба да работите малку повеќе и да вложите дополнителен труд, но тоа не е причина да се ограничите, доколку сакате да патувате, да испланирате и да одите. Отсекогаш сум тврдел дека останувањето активен е најдобриот лек за МС”.