Каде и да патувате подгответе се целосно/темелно

Паметна идеја е да бидете подготвени во случај да добиете релапс – влошување на веќе постоечките симптоми или појава на нови симптоми кои траат обично 24 часа или повеќе. Овие симптоми честопати бараат третман со кортикостероидни лекови. „Прашајте го вашиот лекар, ако можете да имате рецепт за кортикостероиди во случај да ви затреба”, изјавила д-р Мери Ренсел, невролог која специјализирала мултипла склероза на клиниката во Кливленд, САД. „Некои лекари ќе го направат тоа за вас”.
Ако имате тип на мултипла склероза кој има потреба од чести третмани, осигурајте се дека постои медицинска нега таму каде патувате. Најдобар начин да се подготвите е да патувате со сите важни контакт информации, докторска белешка и медицинска евиденција.
Постои уште еден совет. „Патувам со сите мои информации, но мојот најдобар медицински информативен ресурс е мојата сопруга”, изјавил Бил Вајт, пациент со мултипла склероза. „Патувањето со некој што ве познава и вашата медицинска историја е важен дел од безбедното патување со MС, особено ако имате проблеми со краткорочна загуба на меморијата, како мене”.
Извор: https://www.everydayhealth.com/multiple-sclerosis/living-with/how-to-travel-safely-when-you-have-ms/