Цревните имунолошки клетки кои патуваат до мозокот помагаат во спречување на релапси кај лицата со мултипла склероза

Едно истражување покажа дека посебен вид на цревни микробиотски-реактивни имуни клетки, наречени Б клетки кои произведуваат IgA (Immunoglobulin A), кај лицата со мултипла склероза (МС) за време на релапси патуваат до мозокот, каде што произведуваат анти-инфламаторни молекули.
Основните механизми на овој процес и улогата на овие клетки кај МС, остануваат во голема мера нејасни, но овие откритија сугерираат дека специфични имуни клетки во цревата помагаат во спречување на релапсите кај лицата со МС. Тие се категоризираат и на специфични подгрупи на имунолошки клетки за кои научниците сметаат дека најверојатно се составен дел на заболувањето, било да ги промовираат или да ги спречуваат процесите кои се одвиваат како последица од МС.
Податоците ги потврдуваат постојните докази за врската помеѓу микробиотот на цревата и воспалителните реакции кај МС и „отвораат цела нова линија на истражувања“, истакнува Д-р Anne-Katrin Pröbstel, автор на студијата и поранешен постдокторски истражувач при Универзитетот во Калифорнија-Сан Франциско „University of California-San Francisco (UCSF)”.
Цревниот микробиот (огромна заедница на корисни бактерии, габи и вируси кои го колонизираат гастроинтестиналниот тракт) помага да се одржи балансираната функција на цревата, да се заштити од организми што предизвикуваат болести и да влијае на имунолошкиот систем и инфламаторните реакции на организмот.
Податоците од истражувањето „Патот на специфичните IgA + B клеткиодцревната микробиота до централниот нервен систем кај активна МС” (Gut microbiota–specific IgA+ B cells traffic to the CNS in active multiple sclerosis), беа објавени во списанието „Science Immunology”.
Еден тип на имунолошки клетки, наречени Б клетки, произведуваат специфични имуноглобулини (Ig) или антитела, молекули кои се врзуваат за инвазивни микроорганизми, помагајќи при нивно уништување.
Познато е дека B-клетките кои произведуваат „Immunoglobulin G (IgG)”, еден вид антитела, ги придвижуваат абнормалните имунолошки напади врз миелинот (заштитната обвивка која ги покрива нервните влакна) и невроинфламацијата која како последица на МС доведува до изумирање на невроните во централниот нервен систем (ЦНС), кој ги опфаќа мозокот и ‘рбетниот мозок.
Некои од третманите за намалување на воспалението кај МС го промовираат сузбивањето на Б клетките, но тоа може да доведе до целосно изумирање на овие клетки, што доведува до влошување на состојбата.
„Ова ја нагласува сложената и важна улога на Б клетките во прогресирањето на МС и сугерира дека одредени плазма клетки потенцијално можат да играат заштитна улога за време на хронична невроинфламација“, напишаа истражувачите.
B-клетките кои произведуваат друг вид на антитела, наречени IgA, служат како критична прва линија на одбрана и се смета дека помагаат во одржување на балансот на цревниот микробиом спречувајќи го неконтролираниот раст.
Понатамошните докази покажуваат дека цревнот реактивен микробиот, Б клетки кои произведуваат IgA (IgA Б клетки), исто така, патуваат до периферните органи и играат улога во други вон-интестинални автоимуни болести. Сепак кај МС, улогата на IgA, и Б клетките кои продуцираат IgA, останува нејасна.
Меѓународен истражувачки тим, предводен од научници од UCSF, ги анализираше IgA и IgA Б клетките во цревата, крвта, мозочното ткиво и цереброспиналната течност (CSF) – течност во која се потопени мозокот и ‘рбетниот мозок. Во нивната анализа се споредуваат податоците добиени од пациенти со МС, лица со други невродегенеративни болести и здрави лица.
Резултатите покажаа дека нивото на IgA во ЦНС е значително поголемо кај пациенти со MС при релапс, во споредба со пациенти во ремисија, лица со други невродегенеративни состојби и здрави лица. Нивото на IgG во ЦНС не беше значително различно помеѓу пациентите со MС во релапс или во ремисија на болеста.
Понатамошните анализи открија дека за време на релапс кај МС, но не и за време на ремисија, IgA Б клетките патуваат низ крвта до лезии на мозокот, каде што произведуваат антиинфламаторна молекула IL-10.
„Зголемување на бројот на овие клетки и антителата кои ги произведуваат имаше единствено во периодот на нападот“, истакна Д-р Sergio Baranzini, постар коавтор на студијата.
„Тоа навистина го привлече нашето внимание“, изјави тој.
Откриено е дека овие IgA Б клетки не се насочени кон миелинската обвивка, туку кон специфични видови цревни бактерии, претходно поврзани со воспалителните процесикај МС, истакнувајќи ја врската помеѓу цревата и имунолошката реакција на ЦНС.
„Овие откритија ги промовираат специфичните IgA + клетки во цревата, како системски медијатор кај МС, и сугерираат критична улога на цревните клетки за време на активна невроинфламација, со широки импликации за IgA како информативен биомаркер, и клетките кои произведуваат IgA како имунолошка подгрупа заподдршкана терапевтските интервенции“, забележале истражувачите.
Работата во голема мера се потпирала на податоците и биолошките примероци собрани преку EPIC студијата на UCSF, која следела стотици пациенти со МС во текот на 16 години.
„Мислам дека UCSF е едно од единствените места каде што можевме да спроведеме ваков тип на истражување, заради пристапот до примероци од пациенти, кои ни овозможуваат да ги разгледаме бактериите во цревата, имуните клетки во крвта, имуните клетки во рбетната течност и мозочното ткиво“, рече Pröbstel.
„Тоа е навистина уникатен ресурс“, додаде таа.
Во посебно соопштение за јавноста од „The National MS Society”, Pröbstel, исто така, истакна дека прашањето што точно ја активира миграцијата на Б клетките од цревата до ЦНС, останува нејасно.
„Ако го пронајдеме причинителот за ваквата миграција, би можеле да го искористиме за лекување на МС“, рече таа.
Истражувачкиот тим претпоставува дека оваа миграција може да биде одраз на регрутирање на сет на имунолошки клетки кои имаат капацитет да го намалат прекумерното воспаление. Може да биде и резултат на клетки кои во потрагата по бактерии излегуваат од цревата и го напаѓаат ЦНС.
„Потребни се дополнителни истражувања за да се процени истекувањето на микробиотот надвор од цревата, и потенцијалното продирање во ЦНС, како и да се разјаснат механизмите кои го олеснуваат регрутирањето на IgA + Б клетките во ЦНС“, забележаа научниците.
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.