9 НЕВЕРОЈАТНИ ФАКТИ КОИ ПОКАЖУВААТ КАКО СЕКОЈДНЕВИЕТО ВЛИЈАЕ НА НАШИОТ МОЗОК

Човечкиот мозок е најверојатно најмистериозниот орган во нашето тело. Научниците постојано учат и истражуваат нови факти за неговата работа, но сепак сѐ уште крие многу тајни. Доколку досега не сте знаеле факти поврзани со мозокот, сега ќе имате можност да ги дознаете. Ова се откритијата од последните неколку години во истражувањата на мозокот.
Некои од нив ќе ве изненадат:
- Хроничниот недостаток на сон го влошува помнењето
Научниците од Универзитетот во Калифорнија во Беркли откриле убедлив доказ дека недостатокот на сон може да го влоши помнењето и да предизвика Алцхајмерова болест. За време на целосен сон, мозочните клетки ги отстрануваат токсичните соединенија опасни за нашиот мозок.
Заклучок: недоволното спиење има катастрофален ефект врз мозочните клетки. - Љубовта и омразата имаат многу заедничко
Британските научници откриле дека љубовта и омразата потекнуваат од слична мозочна област. Како и да е, за разлика од омразата, љубовта значително ја намалува активноста во областите одговорни за осудување и логично размислување. - Мозокот е чувствителен на дехидрирање
Нашиот мозок има речиси 80% вода. Затоа, дури и мало губење на течности (2%) ја намалува концентрацијата и будноста, а тоа води до влошување на краткотрајното помнење или други когнитивни способности. - Бременоста ја менува структурата на мозокот
Научниците докажале дека бременоста ја намалува количината на сивата маса во мозочните области одговорни за социјалното однесување и разбирањето на другите луѓе. Сето тоа е неопходно за да се зајакне врската помеѓу мајката и бебето, да и помогне на жената да ги разбере потребите на своето дете и да забележи можни надворешни опасности. - Голема количина на шеќер во исхраната ја влошува меморијата и ја намалува способноста за учење
Изобилството на фруктоза во исхраната го успорува мозокот и ја намалува способноста за учење, помнење информации и концентрација. Ова е затоа што вишокот на шеќер ги уништува нервните врски во мозокот. Научниците истакнуваат дека индустриски произведениот шеќер е многу поштетен (додаден во безалкохолни пијалаци, зачини, сосови и храна за бебиња). Сепак, производите кои содржат омега-3 масни киселини (масна риба, ореви и рибино масло) ги отстрануваат последиците од нарушувањето. - Романтичната љубов и мајчинското чувство се многу слични
Според мозочната активност, овие два типа на љубов се многу слични но сепак различни. На пример, страсната љубов активира области од мозокот кои се поврзани со сексуална возбуда. Така чувството на замор и страв се намалува, а еуфоријата расте. Мајчинската љубов ги активира областите одговорни за формирање на наклонетост кон некого. - Сликањето ја подобрува работата на мозокот
Истражувањата покажуваат дека сликањето и уметничките активности ја подобруваат интеракцијата помеѓу мозочните области, додека процесот на стареење се забавува. Ова најмногу влијае на луѓето на возраст помеѓу 62 и 70 години. - Хроничниот стрес го уништува мозокот
Намалување на меморијата, способноста за учење и способноста за самоконтрола – тоа се последици од хроничниот стрес. Покрај тоа, тој придонесува за чувство на иритација, анксиозност, напнатост и расејаност. - Читањето го тренира мозокот
Научниците од Универзитетот во Оксфорд потврдиле дека процесот на читање ги тренира когнитивните способности на мозокот. Исто така и ги активира областите кои во меѓувреме не се користат. Кога читате, крвта влегува во области на мозокот одговорни за концентрација и сознание. Сепак, овој ефект не се добива при гледање телевизија или играње компјутерски игри.
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.