7 изненадувачки факти за мултипла склероза

Мултипла склероза (МС) е честа болест на нервниот систем и честа причина за попреченост кај млади возрасни лица. Исто така е изненадувачка болест. Дали знаевте дека животниот век на повеќето луѓе со МС е ист како и луѓето без МС? Или, дека повеќето луѓе со МС водат активен и продуктивен живот? Ако сакате да дознаете повеќе за МС, започнете со овие седум факти – можеби ќе ве изненадат.
-
Вашето сопствено тело предизвикува МС
МС е автоимуна болест. Тоа значи дека одбрамбениот систем на вашето тело – вашиот имунолошки систем – по грешка го напаѓа вашиот нервен систем. Вашиот имунолошки систем нормално ве штити од надворешни напаѓачи како вируси и бактерии. Со МС, вашиот имунолошки систем започнува напади против заштитната обвивка на нервните влакна во мозокот и ‘рбетниот мозок. Овие напади предизвикуваат тешки лузни (склероза) кои предизвикуваат проблеми во спроведување на нервните сигнали.
-
МС може да се лекува
Сè уште не постои лек за МС, но постојат добри опции за третман. Денешните лекови ги вклучуваат оние што можат да ги намалат нападите на МС и штетата што ја предизвикуваат. Лековите на МС се лекови кои ја модифицираат болеста. До 2010 година, луѓето со МС можеле да добијат ваков вид терапија само по пат на инекција. Сега постојат и орални и инфузиони лекови. Исто така, постојат лекови кои можат да ги третираат симптомите на МС, како мускулни грчеви, слабост и замор.
-
МС е почеста на местата со студена клима
Еве една од нерешените мистерии на МС: Колку подалеку од екваторот живеете, толку е поголема веројатноста да имате МС. Ако живеете во топло сончево подрачје близу екваторот, ризикот од развој на МС е помал отколку ако живеете во северните краишта. Ако сте родени во топол и сончев дел од светот и како дете се префрлате во постудена клима, ризикот се зголемува. Секој може да добие МС, но таа е најчеста кај луѓето од потекло од Северна Европа и Канада.
-
Витаминот Д може да го намали ризикот од појава на МС
Ниското ниво на витамин Д може да биде фактор на ризик за развој на МС. Една од причините што МС е поретка во сончевите делови на светот може да биде поради витаминот Д. Вашето тело произведува витамин Д кога вашата кожа е изложена на сонце. Значи, луѓето кои живеат во сончеви клими обично имаат повеќе витамин Д. Овој витамин може да помогне во регулирање на имунолошкиот систем. Ако имате МС, земањето витамин Д може да ги намали симптомите и нападите на МС. Една неодамнешна студија покажа дека витаминот Д може да помогне во поправање на заштитната обвивка (миелин) на нервите која е оштетена поради воспалението кај МС.
-
МС се подобрува за време на бременоста
Во 50-тите години на минатиот век, жените со МС често се советуваа да не забременат. Лекарите сметаа дека бременоста ја влошува МС. Но, сега, многу студии покажуваат дека обично има подобрување кај МС во тек на бременоста. Бременоста е како да имате непријател во вашето тело. За да го заштити малиот непријател, телото природно затвора дел од неговиот имунолошки одговор. За возврат, симптомите на МС може да се подобрат. Исто така, жените со МС не се со поголема веројатност од другите жени да имаат компликации во тек на бременоста.
-
МС може да влијае повеќе на умот отколку на телото
Повеќето луѓе ги поврзуваат симптомите на МС како слабост, вкочанетост или спастичност. Сепак, луѓето со МС честопати велат дека најизмачувачки симптоми се менталните. Овие симптоми – наречени когнитивни промени – влијаат до три четвртини од луѓето со МС. Когнитивните промени го отежнуваат размислувањето јасно и брзо. Всушност, когнитивните симптоми – не физички – честопати се причина луѓето со МС да престанат да работат.
-
МС не е наследна болест
Можеби сте слушнале дека генот МС поминува низ семејствата. Тоа е точно. Но, вие само го наследувате ризикот за болест, а не самата болест. Нешто треба да ги активира овие гени за да предизвикаат МС. Само 15% од луѓето со МС имаат семејна историја на оваа болест. Идентичниот близнак на личност со МС има само една од три шанси да има МС, иако двајцата имаат исти гени. Пронаоѓањето на предизвикувачите на МС е голема област на истражување и може да помогне во спречување на заболување од МС или да ги намали неговите ефекти.
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.