Основни информации за ЈС вирусот и мултипла склероза

Често пати постои збунетост и неинформираност за ЈС вирусот, за тоа како го добиваме, како против него, дали претставува проблем за лицата со мултипла склероза итн. Ќе се обидеме на кратко да ви споделиме основни информации за ЈС (џеј си) вирусот.
Што е ЈС вирус?
Првата личност кај која е откриен овој вирус се викал John Cunningham, така што се употребени неговите иницијали и по него е наречен ЈС. Вирусот е откриен 1971 година и претставува хуман папилома вирус. ЈС вирусот е премногу чест, се претпоставува дека 55-85% од возрасните лица го имаат вирусот. Но, вирусот често останува неоткриен, па луѓето не се свесни дека го имаат овој обично бениген вирус, како и дека имаат развиено антитела против него. Повеќето од нас сме се сретнале со овој вирус најмногу за време на детството или адолесценцијата, често без симптоми или само со мала фебрилна болест.
Видеото горе зборува за тоа како вирусот на грип го напаѓа нашето тело, но истите принципи важат за секој вирус. Лудото е што нашето тело е опкружено со многу видови на вируси цело време. Тоа значи дека нашиот имунолошки систем постојано се обидува да биде еден чекор пред напаѓачите.
Присутни антитела на ЈС вирусот
ЈС вирусот обично опстојува прикриен, како Тројански коњ, асимптоматски (без симптоми), целосно неактивен во клетки надвор од централниот нервен систем (можни локации вклучуваат тонзиларното ткиво, бубрезите и/или коскената срцевина) слично како херпес вирусот кај повеќето луѓе. Присуство на антитела на ЈС вирусот (т.н. ЈС вирус позитивен) во крвта или во други телесни течности (на пр. урина, ликвор) не е страшен наод за повеќето луѓе, па дури и за лицата со мултипла склероза (МС). Запомнете, имунолошкиот систем кај лицата со МС обично е преактивен и работи прекувремено, но кога се користат лекови (на пр. имуносупресиви, лекови кои ја модифицираат МС) кои имаат влијание врз имунолошкиот систем може да настане проблем. За жал, до сега не е откриен лек кој може да го уништи вирусот на ЈС или успешно да ја излекува инфекцијата со него. Ако имунолошкиот систем ослабе, а притоа имаме и присуство на ЈС вирус можеме да го испровоцираме вирусот да се реактивира и да предизвикува литична инфекција во миелинот што произведува олигодендроцити. Факторите кои се вклучени во активација на ЈС вирусот остануваат слабо разбрани, но сепак е јасно дека повеќето лица кај кои се реактивирал вирусот се имунокомпромитирани. Во ретки случаи вирусот може да предизвика прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија (ПМЛ). ПМЛ е многу сериозна инфекција на мозокот, која води кон демиелинизација предизвикувајќи трајни последици (инвалидитет) па дури и смрт ако не се открие навреме и не се спроведе соодветен третман и грижа. ПМЛ се јавува кај лица со имунолошки дефицит (на пр. СИДА), но исто така може да се појави и кај лица со мултипла склероза, лупус еритематодес, ревматоиден артритис, трансплантирани, Кронова болест и други кои биле лекувани со лекови кои имаат дејство да го ослабнат имунолошкиот систем (имуносупресивни лекови и други).
Лекови за мултипла склероза со ризик за појава на ПМЛ
Не сите лекови за МС кои ја модифицираат болеста се поврзани со ризикот за појава на ПМЛ. Досега во литературата се опишани случаи на појава на ПМЛ како последица на употреба на лекови или нивна комбинација за третман на МС во клинички студии или во редовна пракса:1
- natalizumab2
- fingolimod3
- dimethyl fumarate3
- alemtuzumab4
- cladribine плус mitoxantrone1
- rituximab1
Според PML Kонзорциумот, околу 55% од лицата со MС се позитивни на антитела на JC вирусот, што значи дека некогаш во својот живот биле во контакт со вирусот. Ова НЕ значи дека имаат ПМЛ, ниту пак значи дека ќе развијат ПМЛ доколку користат некој од горенаведените лекови кои ја модифицираат болеста.
Во прилог подолу приказ на едно искуство на лице со МС и позитивен статус на JC вирус.
Кога го започнав мојот третман со лек за МС бев JCV негативен, но во меѓувреме сум дошол во контакт со вирусот па на следното тестирање бев JCV позитивен. Немав идеја кога и како сум се заразил со JC вирусот. Оваа година направив ново тестирање кое покажа повисоко ниво на антитела на ЈС вирусот. Разговаравме со мојот невролог и заедно го согледавме нивото на ризик за ПМЛ, па направивме дополнителни напори за следење на степенот на ризик преку редовна анализа на крвта на секои три месеци. Потребна беше промена на мојот план за третман со цел превенција и намалување на ризикот за појава на ПМЛ.
Целта на овој текст не e да го минимизира значењето на JC вирусот, туку да ве поттикне да дознаете повеќе за факти за ЈС вирусот. Не паничете доколку дознаете дека сте позитивни на JC вирусот. Aко се соочите со позитивен резултат, тогаш е време да продискутирате со вашиот невролог за потенцијалните ризици и начинот на нивно менаџирање.
Референци:
- Maas RP et al. J Neurol 2016;263:2004-2021.
- Natalizumab safety update, Biogen March 2017. достапно на: https://medinfo.biogen.com/secure/download?doc=workspace%3A%2F%2FSpacesStore%2Fded9df8f-d785-444a-ae89 888bef72aa7e&type=pmldoc&path=null&dpath=null&mimeType=null.
- D’Amico E et al. Drug Saf. 2016;39:1163-1174.
- Berger T, et al. CNS Drugs DOI 10.1007/s40263016-0394-8.
Корисни линкови:
- мултипла склероза
- прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија
- natalizumab
- fingolimod
- dimethyl fumarate
- alemtuzumab
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.