Вежби за силно јадро

Сплет на вежби базиран на втората серија Паванмуктасана од Бихар школата за јога. Наменета е за стимулација на органите и зајакнување на мускулите во абдоминалниот дел од телото. Бројот на повторувања на секоја од вежбите одредете го самите во рамките на вашите капацитети, но водете сметка тој да биде еднаков на двете страни и во обете насоки.
Контраиндикации: проблеми со срцето, висок крвен притисок, ишијас, кила, проблеми со лумбалниот дел од рбетот и сакрум. Консултирајте се со лекар пред започнување на каков било режим на вежбање.