Вежби на сите четири

Во овој сплет се вклучени вежби кои главно се изведуваат од положбата масичка – колковите над колената, рамениците над дланките, грбот во неутрална положба.
Нежно, со природни движења го стимулираме рбетот, работиме на зајакнување на јадрото, растегнување на мускулите на задникот, бедрата и нозете, работиме на координација на движењата на горните и долните екстремитети, ја подобруваме рамнотежата, легнати на стомакот го зајакнуваме грбот и ги отвораме градите.