Светски ден на мултипла склероза 2021 – глобален извештај
Националното здружение за МС ви го споделува глобалниот извештај за одбележувањето на Светскиот ден на мултипла склероза 2021 г. (30. мај). Извештајот изобилува со најразновидни активности, настани, насловни страни и вести, како и поддршка за сите пациенти и засегнати лица со мултипла склероза.
Според Интернационалната МС федерација (анг. MS International Federation, MSIF), време е за голем аплауз! Заедно го направивме Светскиот ден на MS 2021 година за паметење. Честитки до сите ширум светот кои учествуваа“.
Еве некои моменти од Светскиот ден на МС 2021: https://worldmsday.org/2021-highlights/.
Оваа година, на големо задолство и огромна чест и нашето здружение активно учествуваше во кампањата која на глобално ниво ги имаше следниве достигнувања:
- Светскиот ден на MS беше одбележан во 117 земји (109 во 2020 година);
- Учествуваа 840 организации, вклучувајќи 47 организации – членки на MSIF;
- За првпат на Светскиот ден на МС учество зедоа 15 организации за МС;
- Имаше 8 земји каде активноста на Светскиот ден на МС се одржа за прв пат, или првпат по неколку години: Гана, Јамајка, Непал, Бермуди, Бурунди, Замбија, Филипини и Ватикан.
Во рамки на кампањата по повод Светскиот ден за мултипла склероза (МС) беше објавено видео „Не си сам“, каде лица со МС од различни земји од светот ги споделија своите приказни.
Пресреќни сме што претставник на Националното здружение за МС заедно со претставници од МС здруженијата од Јапонија, Индија, Израел, Италија, Шпанија, Австралија, Бразил, Нов Зеланд и др. зеде учество во видеото по повод Светскиот ден на МС.
Видеото е достапно на следниот линк.
Во Глобалниот МС хор учествуваа повеќе од 100 лица со МС од 24 земји од целиот свет. Посебна чест ни е што ние бевме дел од „Tune in for MS“ со претставник од Националното здружение за МС. Погледнете го целиот настан на https://www.youtube.com/watch?v=k45d3VY76Pg&t=16s.
ЗА НАЦИОНАЛНОТО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА МС
Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза. Oсновано е на 20. март 2019 година. Од 7. мај 2020 година, Националното здружение е полноправна членка на Европската МС Платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platfrom, EMSP).
Потребата за формирање на здружението се наметна како резултат на неопходноста за обединување на лицата со мултипла склероза, нивните семејства со цел согледување на нивните потреби и инволвирање на останати чинители заради решавање на проблемите на лицата со МС, како и подобрување на квалитетот на нивното живеење. Исто така, секојдневниот напредок во медицината, токму во областа на неврологија бара интензивирање на реформите во оваа област.
Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.