Спроведена анкета за јавната свест за мултипла склероза
Скопје, 31. мај 2019 година
Националното здружение за помош и поддршка на лицата со мултипла склероза во соработка со Македонската Медицинска Студентска Асоцијација Македонија (ММСА) по повод Светскиот ден на мултипла склероза спроведоа анкета на случајни минувачи. Анкетата се спроведе наспроти Археолошкиот музеј, на плоштадот Македонија во Скопје на 30.05.2019 година. По повод Светскиот ден, Археолошкиот музеј во вечерните часови беше осветлен во портокалова боја.
Целта на анкетата беше да се испита свесноста на општата популација за Светскиот ден на МС и за мултипла склероза воопшто. За таа цел беше изготвен анкетен прашалник со 3 прашања на кои можни одговори беа ДА и НЕ.
1. Дали знаете зошто зградата на Археолошкиот музеј вечерва е осветлена во портокалова боја?
2. Дали знаете што е мултипла склероза?
3. Дали постои можност да се излекува мултипла склероза?
Во анкетата вкупно учествуваат 43 случајни минувачи од различна возраст и пол. Статистички обработените податоци го прикажуваат следново:
Податоците од анкетата покажаа дека голем дел од испитаниците не се информирани што е мултипла склероза, кое ни дава за обврска да продолжиме со нашите активности со цел зголемување на јавната свест за мултипла склероза и за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза.
Прочитајте за мултипла склероза тука.