Разбирајќи ја, живееме полесно со неа (мултипла склероза)
Скопје, 17.10.2019 година
Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза информира дека на 17. октомври 2019 година, во просториите на ЈЗУ Универзитетската клиника за неврологија, Скопје одржа едукативно предавање под наслов „Разбирајќи ја, живееме полесно со неа (мултипла склероза)“.
Настанот беше прв од планираните активности во рамките на одбележувањето на Националните денови на МС во нашата држава. Беше наменет за лицата со мултипла склероза, нивните негуватели како и здравствените работници кои се занимаат со мултипла склероза. Организиратор беше Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза во соработка со ЈЗУ Универзитетската клиника за неврологија, Скопје.
На предавањето имавме прилика да ги проследиме презентациите на:
- науч. сор. д-р Иван Барбов кој говореше на тема: „Алгоритам на современ третман и менаџмент на мултипла склероза“;
- дипл. мед. сестра Јасминка Коруноска со презентација на тема „Несакани реакции од лекови и нивно пријавување – колку е важно“ и
- психолог и тренер за личен развој, Наташа Митровска која говореше на тема „Што можеме да очекуваме од психолошка поддршка?“
По завршување на презентациите присутните имаа можност да постават прашања и да се вклучат во дискусијата. Искучително сме задоволни што присутните изразија интерес и поставија голем број прашања што резултираше со конструктивна дискусија. Евидентна е потребата за организација на слични активности и во иднина кои би придонеле кон зголемување на знаењето и разбирањето на болеста како и можност да сме во тек со новите и актуелни сознанија за мултиплата склероза.
Изразуваме огромна благодарност до директорот на клиниката, науч. сор. д-р Барбов, главната мед. сестра Јасмина Коруновска и психологот Наташа Митровска за денешните предавања. И секако посебно сме благодарни на целокупниот колектив на Универзитетската клиника за неврологија за соработката и поддршката која континуирано ја добиваме од нивна страна.