МС Македонија
  • Донирај!
  • Menu Canvas
    • Почетна
    • За нас
      • Станете член
      • Медицински/стручен одбор
      • Документи
      • Активности
      • Соработки
      • Корисни линкови
    • Мултипла Склероза
      • Што треба да знаете
      • База на знаење
      • Виртуелен МС Советник
      • Закони и прописи
      • Биди физички активен!
      • Психолошка и психотерапевтска помош
    • COVID-19 и МС
      • Поврзани содржини
    • Публикации
    • Вести
    • Контакт
  • Контакт: msmakedonija@gmail.com
    • Станете член
    • Донирај
    • MSM Facebook
    • MSM Youtube
  • flag en English
    • flag fr French
    • flag de German
МС Македонија
  • Почетна
  • За нас
    • Станете член
    • Медицински/стручен одбор
    • Документи
    • Активности
    • Корисни линкови
  • Мултипла Склероза
    • Што треба да знаете
    • База на знаење
    • Виртуелен МС Советник
    • Закони и прописи
    • Биди физички активен!
    • Терапевтска Јога
    • Психолошка и психотерапевтска помош
  • COVID-19 и МС
    • Поврзани содржини
  • Публикации
  • Вести
  • Контакт

Вегетаријанство – вистински избор во 21-от век

Homepage Мултипла Склероза Вегетаријанство - вистински избор во 21-от век

Вегетаријанство – вистински избор во 21-от век

msmakedonija
октомври 15, 2019
Мултипла Склероза

Честопати се поставува прашањето: Дали вегетаријанската храна е исклучително здрава? Дали е тоа храната на 21-от век? Дали сета лепеза на храна од растително потекло е здрава? Дали вегетаријанците се исклучиво на здрав начин на исхрана?

Секако вегетаријанството не е гаранција за здрав начин на исхрана, доколку во секојдневието се присутни преработени храни кои се полни со шеќер, бело брашно, маргарин, адитиви и слично, на пример како: слатки колачи, кондиторски производи, грицки, бели пецива, лиснати теста (кроасани), чипсови, смоки, грисини, газирани сокови, џусеви, ледени чаеви, енергетски пијалоци, кафиња и ред други високо процесирани растителни производи.

Од оваа гледна точка се доаѓа до заклучок дека вегетаријанците кои ги практикуваат гореспоменатите артикли се исхрануваат целосно нездраво. Тие со конзумирање на овие производи во секојдневието придонесуваат кон своето самоуништување. Зошто? Шеќерот, белото брашно, препржените масла, трансмастите (маргаринот), млекото, како и големата количина сол се доминантни состојки во овие продукти, а сепак се вегетаријанска храна. Токму овие состојки во храната се најголемите причинители за зголемениот број болни од дијабет, зголемени маснотии во крвта, замастен црн дроб, висок крвен притисок, мозочни удари, автоимуни болести како мултипла склероза, ревматоиден артрит, лупус…

Да, тие се хранат вегетаријански, но каде е тука здравата храна? Тие јадат најмногу процесирана, таканаречена мртва храна. Каде се тука ензимите, каде се тука витамините, минералите, каде е тука добрата Ph рамнотежа? Каде се тука добрите маснотии, како ќе се добијат добри аминокиселини (протеини), каде се тука дефицитарните растителни влакна?

Доаѓаме до заклучок дека и покрај отстранувањето на храна од животинско потекло и преоѓањето на горенаведениот начин на вегетаријанска исхрана, за жал – ништо не сме постигнале во однос на сопственото здравје. Можеби само е постигнат етичкиот момент, а тоа е да не се убиваат животните, но вистинското вегетаријанство е тесно поврзано со она што ни го дава Мајка Природа – што ни го дал Бог: вода, свежо овошје, свеж зеленчук, сирови јатки, сирови семки, целозрнести житарки, мешунки (легуминози), понекогаш јајца, риба.

Развојот на вегетаријанството започнува во Англија во 18-от век. Од тогаш масовно се шири по целиот свет. Процентот на вегетаријанците од ден на ден сè повеќе се зголемува. Се смета дека во САД има повеќе од 5% вегетаријанци, а тоа би претставувало бројка повеќе од 15 милиони жители на САД. Постојат различни видови на вегетаријанство, но јас ќе се задржам на оние најосновните.

Вегани – се вистински вегетаријанци кои целосно ја исклучуваат храната од животинско потекло: месо, месни преработки, млеко, млечни преработки, јајца, риба, морски плодови. Тие не носат ниту облека, чевли, модни додатоци од животинско потекло.

Лактовегетаријанци – овие вегетаијанци покрај храната од растително потекло консумираат и млеко и млечни производи: сирење, кашкавал, павлака, хопла, слатки на база на млеко.

Оволактовегетаријанци – покрај храната од растително потекло тие конзумираат јајца, млеко и млечни производи.

Пешко-ововегетаријанци – (оние кои покрај растителната храна јадат и месо и јајца) – ова е сега за сега мојот избор за најприлагодлив и најздрав начин на исхрана во услови и на начинот на кој живееме.

Квази вегетаријанци – овој тип на вегетаријанци покрај рибата и млечните производи во своето мени додаваат и пилешко месо, покрај растителната храна.

Сакам да ги споменам и останатите кои се малку порадикални во вегетаријанството, како: сирови вегани – тоа се вегани кои јадат исклучиво сирова храна термички необработена. Фритаријанци – ова се вегетаријанци кои јадат само овошни плодови, семки и јатки. Овој начин на исхрана за мене е екстремно радикален и не би го прифатила, а не ја гледам целта на сето ова. Радикални фрутаријанци – ова ми претставува целосно неприемлив начин на исхрана – да се јадат само оние овошја и јатки, семки кои паднале на земјата. Сакам да напоменам дека покрај гореспоменативе видови вегетаријанство постојат секако и други, но јас би сакала накусо да спомнам за:

Макробиотика – овој тип на вегетаријанство има стари корени од Далечниот Исток, тоа е цела филозофија на живеење. Во историјата има многу личности кои во одредена возраст од својот живот се одлучиле да станат вегетаријанци. Сакам да набројам некои од нив: старогрчките филозофи Питагора, Аристотел, Платон, Сократ, понатаму Ајнштајн, Да Винчи, Никола Тесла, Чарлс Дарвин, Ганди, Кафка, Толстој итн.

Од глумци и пејачи: Бред Пит, Ричард Гир, Дастин Хофман, Ким Бесинџер, Пенелопе Круз, Мадона, Пол Макартни, Бој Џорџ… Најпознати светски имиња во спортот биле вегетаријанци: Денис Родман, Карл Луис, Џони Вајсмилер, Мартина Навратилова, Мајк Тајсон итн. Многу е интересен фактот дека гладијаторите кои се бореле во арените со лавови (2 и 3 век пред наша ера) биле типични вегетаријанци. Научници од Винскиот медицински универзитет во соработка со Институтот за судска медицина во Берн откриваат дека гладијаторите се хранеле со намирници од растително потекло – овошје, зеленчук, житарки. Овие факти секако одат во прилог на оние кои го практикуваат вегетаријанството.

Леонардо Да Винчи (1452-1519), гениј, уметник, научник, изјавил „Ќе дојде време кога луѓето на убивање животни ќе гледаат како на убивање луѓе“.

Томас Едисон, изумител на сијалицата, грамофонот, микрофонот, изјавил „Јас сум вегетаријанец бидејќи така можам да го користам својот мозок максимално. Животните се мои пријатели, а јас своите пријатели не ги јадам, јас им верувам и ете како што кажав полека но сигурно го трасирам  патот кон вегетаријанството без месо и вегетаријанството во кое во изобилство се присутни водата, овошјето, зеленчукот. Цврсто сум убеден дека овој вид на исхрана во кој изобилно се застапени свежите намирници, и секако водата, е добра превенција за било какви заболувања, но и гаранција за здрав, среќен и исполнет живот“.

Таму каде е присутно заболување, со преминување кон здрава вегетаријанска исхрана во која ќе има и дополнување од природни суплементи како спирулина, хлорела, афа алги, зелена пченица, мака, чиа семе, ленено семе и други семиња, живи јајца од потполошка и ред други видови супер храна, ќе се направи комплетна метаморфоза на клетките и ткивата на целиот организам и ќе се роди нов(а) јас. Направете ја промената која бара малку труд, трпение, многу волја, разбирање и нема откажување – целта е среќно и квалитетно живеење.

Пишува: сертифициран нутриционист, консултант Цвета Динева од ЦД диет клуб Скопје, контакт тел. 02 3214 099 или 078 363 903.

Previous Story
Септември – месец на подигнување на свеста за мултипла склероза
Next Story
Разбирајќи ја, живееме полесно со неа (мултипла склероза)

Најнови објави

  • МС Барометар 2020
  • Вежби за долниот дел од телото
  • Јога на столче – вовед
  • Нова веб страница на Националното здружение за МС
  • Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?

Тагови

JC JCV ms sovetnik virus МС ПМЛ Прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија Светски ден на МС вирус мултипла мултипла склероза склероза

Национално здружение за МС

Здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза.

  • Почетна
  • За нас
  • Мултипла Склероза
  • COVID-19 и МС
  • Публикации
  • Донирај!
  • Вести
  • Контакт

    Национално Здружение за МС - Сите права задржани.
    SearchPostsLoginCart
    понеделник, 15, Мар
    МС Барометар 2020
    вторник, 2, Мар
    Вежби за долниот дел од телото
    вторник, 2, Мар
    Јога на столче – вовед
    среда, 17, Фев
    Нова веб страница на Националното здружение за МС
    понеделник, 15, Фев
    Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?

    Welcome back,