Министерството за здравство објави отворена постапка за набавка на лекови

Министерството за здравство преку ЕСЈН објави отворена постапка за јавна набавка на биолошка активна терапија, молекуларна таргет терапија и моноклонални антитела за потребите на Јавните здравствени установи во РСМ за период од 2 години.
Цел на набавката се веќе достапни и нови лекови за третман на мултипла склероза (лекови кои ја модифицираат болеста, анг. DMT, Disease Modifying Therapies) кои се регистрирани кај нас.