ACTRIMS/ECTRIMS MSVirtual 2020

Скопје, 19. септември 2020 година
Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза ве информира дека од 11-13 септември се одржа 8-ма заедничка средба на Американскиот и Европскиот Комитет за третман и истражување во мултипла склероза (ACTRIMS/ECTRIMS).
Овогодинешниот виртуелен состанок понуди:
- над 50 научни сесии, 1.100 е-постери и 23 курсеви во траење од повеќе од 90 часа;
- материјали и ресурси за состаноци;
- можност за поврзување со илјадници стручњаци и истражувачи во областа на мултипла склероза (МС) со употреба на алатки за пребарување и разговор со присутни;
- закажани групни дискусии во салонот за размена на знаења и искуства со фокус на предизвици во МС;
- директен пристап до поддржувачите од фармацевтската индустрија и изложувачите во Industry Hub, како и спонзорирани симпозиуми.
MSVirtual2020 ќе биде актуелен и по завршување на настанот се до 28. февруари 2021 година. Сите научни сесии, е-постери и курсеви ќе бидат архивирани во онлајн библиотеката и целосно достапни. Ова нуди можност да се вратите на содржината во кое било време, да прегледате, да ги репродуцирате и да ги следите предавачите.