Кампања – #1Millionsteps (1 милион чекори)
Трчајте, пешачете или поминете километри за да поддржите повеќе од еден милион лица кои живеат со мултипла склероза (MС) во Европа.
Најнапред ги охрабруваме сите лица со МС, без разлика на физичката подготвеност и во рамки на своите можности, да земат активно учество во оваа кампања. Посебно ги охрабруваме сите корисници на инвалидска количка да земат учество и да ја означат кулминацијата на оваа кампања на Меѓународниот ден на лица со попреченост.
Предизвикот е отворен за сите учесници како во Македонија така и низ Европа и за секое ниво на мобилност. Дали сте ентузијаст за фитнес и барате предизвик или некој што сака да ја подобри својата состојба или да започне активен живот и сака да даде поддршка за постигнување конкретна цел? Ако е така, тогаш оваа кампања е за вас!
„Однесувајте се како она што го правите да прави разлика, затоа што прави.“ – William James, американски филозоф.
Дали сте покрај прекрасно крајбрежје или во својот дом, омиленита улица, патека, парк, работно место, трговски центар или самопослуга – предизвикот „Еден милион чекори“ или „800 километри“ за милион луѓе погодени од МС може да биде незаборавно искуство за вас – со вашите пријатели, семејство, соработници. Придружите се на тимот https://donate.emsp.org/join/msmacedonia.
РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ ДЕНЕС И ПОДДРЖЕТЕ ЈА КАМПАЊАТА 1 МИЛИОН ЧЕКОРИ!
Предизвикајте се себеси со одење, трчање, пливање, возење велосипед или инвалидска количка и остварете 1 милион чекори или 800 километри, во периодот помеѓу јуни – декември 2021 година и придонесете за генерирање фондови за подобрување на квалитетот на животот на луѓето погодени од МС ширум Европа.
Можете да изберете да остварите 1 милион чекори сами или да се придружите како тим со пријатели, семејство или колеги на работа.
Регистрирајте се на тимот на Националното здружение за МС на овој линк: https://donate.emsp.org/join/msmacedonia
Како да се поврзете со вашиот фитнес тракер? Следете ги трите чекори подолу:
Чекор 1 – Преземете ја апликацијата FitBit, Strava или MapMyFitness и поставете ја вашата сметка (account);
Чекор 2 – Пријавете се на вашата сметка од 1 милион чекори и изберете „Log My Fitness Activity“;
Чекор 3 – Изберете ја вашата омилена апликација и поврзете ја вашата сметка (account).
Во случај да не сакате да користите апликација за фитнес, тогаш можете да ги пресметате вашите километри/чекори според час одење, трчање или вршење на која било од вашите омилени спортски или физички активности што ви помага да измерите растојание и рачно да се најавите на сметка (account) под „my fitness activity“. На пример, час и 40 минути пешачење или 8 километри пешачење опфаќа просечно 10.000 чекори, 40 минути трчање просечно 6,4 километри или 40 минути пливање е просечно 1,93 километри.
Ако сте корисник на инвалидска количка, можете да продолжите да го користите тракерот што го користевте досега, но ако уредот мери во километри, тогаш можете да ги претворите во чекори и рачно да се најавите. Алтернативно, мерач на километри што може да се купи од продавница за велосипеди или спортска опрема, може да се прикачи на инвалидската количка и ќе го следи растојанието што се поминува секој ден или на друг начин можете да ги пресметате вашите минути за умерена/енергична активност како подолу:
- 10 минути активност со умерен интензитет опфаќа 1000 чекори или 0,8 километри;
- 10 минути активност со висок интензитет опфаќа 2000 чекори 1,44 километри.
Заедно можеме да направиме разлика за повеќе од 1 милион луѓе погодени од МС во Европа.
Придружете се на нашиот тим https://donate.emsp.org/join/msmacedonia.