МС воспалeние кај жените, што е поврзаноста?

Мултипла склероза (МС) претставува автимуна болест која го напаѓа централниот нервен систем, вклучувајќи го мозокот, рбетниот мозок и оптичкиот нерв. Воспалението во телото игра клучна улога кај оваа автоимуна болест, и не само што претставува причина за појава на МС, туку и претставува причина за прогресија на болеста.
Што претставува воспаление?
Воспалението претставува нормален и неопходен дел на имунолошкиот систем. Постојат два вида на воспаление: акутно (краткорочно) и хронично (долгорочно).
Акутно воспаление
Акутно воспаление е одговор на имунолошкиот систем на иритирачко или оштетување предизвикано од:
- Патогени, како бактерии, вируси,
- Физички повреди, во вид на исеченици и рани
- Хемикалии
- Радијација
Кога телото ќе препознае некој напад, тоа ја шири таа информација преку воспалителните медијатори. Овој процес е одговорен за симптомите кои ги гледаме и чувствуваме од воспалението. Воспалителните медијатори предизвикуваат црвенило, топлина и отоци на крвните садови што предизвикува нивно слабеење и можност крвта да има подобар проток. Овој процес овозможува поголем проток на крв каде е потребно. Воспалителните инфламатори влијаат и на нервите, кое прави да се чувствува болка. Кај акутното воспаление, болката му кажува на телото дека треба да биде заштититено. Други воспалителни медијатори наречени цитокини, вклучувајќи фактор алфа тумор некрози (ТNF-alpha) и интерлеукини- наречени имунолошки клетки како Т и Б клетки кои се наоѓаат во нападнатата област. Овие клетки создавааат протеини кои се нарекуваат антитела кои му помагаат на телото да се исчисти од инфекција. Воспалението помага и делува заштитнички кога има акутна повреда или болест. Но кога ќе се појави воспаление без никаква повреда може да биде штетно за телото.
Хронично воспаление
Хронично воспаление постои кога телото испраќа информации за воспаление дури и кога такво не постои во организмот во моментот. Состојби кои се поврзани со хронично воспаление се:
- Автоимуни нарушувања како што е ревматоиден артритис,
- Диабетес,
- Проблеми со срцето,
- Алергии,
- Хронична пулмонарна болест
Кога постои хронично воспаление имунолошките клетки постојано се активираат на местото на воспалението. Кога ќе се најдат на местото на инфламација сфаќаат дека нема воспаление и тогаш почнуваат да ги напаѓаат клетките на сопствениот организам.
Кај хроничното воспаление. Имунолошките клетки и понатаму продолжуваат да одат на местот на воспаление. Кога ќе стигнат таму тие продолжуваат да се борат и почнуваат да го напаѓааат телото. Имунолошките Т и Б клетки може дури и да создаваат антитела против телото. Истражувањата откриваат неколку ризик фактори за хронично воспаление:
- Старост,
- Обезност (дебелина),
- Начин на исхрана за висок шеќер и високо ниво на маснотии,
- Пушење цигари,
- Дисбаланс на хормоните за репродукција (естроген и тестостерон),
- Стрес,
- Нарушување на спиењето
Хронично воспаление кај МС
МС претставува хронична воспалителна болест кај која имунолошкиот систем го напаѓа миелинот (заштитниот слој на нервите), започнувајќи процес наречен демиелинизација. Без миелинската обвивка се појавува оштетување на нервите на централниот нервен систем. Воспалението кај МС им олеснува на Т и Б клетките да пробијат низ вените и да навлезат во централниот нервен систем и на тој начин да создадат повеќе воспалителни медијатори и да прават штета.
Хронично воспаление кај жените
Според истражувањата објавени во The Journal of gerontology откриено е дека жените имаат појак имунолошки одговор. Мажите имаат поголема неуродегенерација(постојано нарушување на мозокот) што предизвикува рана прогресија на болеста.
Кога телото се бори со некоја инфекција, јакиот имунолошки одговор е од голема корист. Според истражувања мажите се почувствителни на инфекции, бактерии, вируси и паразити. Сепак, јакиот имунолочки систем ги става жените во поголем ризик од појава на автоимуни болести. Научниците не знаат точно која е причината за ваква појава, но ја поврзуваат со хормоните и дебелината.
Хормони
Кога научниците се обидуваат да решат некој здраствен проблем, најчесто почнуваат со проверка на хормоните се со цел да утврдат како делува некоја болест врз разнични полови. Примарен хормон кој оправи разлика меѓу половите е естроген кај жени и тестостерон кај мажи.Вво главно, тестостеронот го потиснува имунолошкиот систем, додека естрогенот има антиинфламаторно дејство.
Менструалниот циклус кај жената прави да дојде до зголемување на естрогенот и два пати да паѓа во текот на секој месец. Менопаузата секако предизвикуѕва драстична промена во нивото на хормоните, особено кога престанува менструалниот циклус. Една студија покажа дека ТНФ алфа и интерлеукините се покачени после менопауза.
Бременоста исто така влијае врз воспалителниот процес. Комплексната промена што настанува во овој период и хормоните може да предизвикаат намалување на воспалението.
Обезност, дебелина
Обезноста претставува акумулација на масти што предизвикуваат појава на зголемена тежина повеќе од предвидената за одредена висина според индексот за телесна маса. Ако телесната маса е од 25 до 30 тогаш тоа е прекумерна тежина. Над 30 е обезност, а под 25 се смета дека е здрав организам. Во главно жените имаат повеќе телесна маса и секогаш за 10% повеќе отколку мажите што дополнително предизвикува обезноста кај жените да е поголема отколку кај мажите. Ако имаш повеќе келии на маснотии имаш повеќе воспалителни медијатори. Тие предизвикуваат и намалено ниво на Д витамин што е значаен во намалување на воспалението.
МС и воспалението
MС е болест со хронично воспалителен процес. Очигледно е дека кај луѓе кај кои се јавува некое воспаление имаат поголема веројатност да заболат од МС и симптомите кај нив се поврзани со нивото на нивните хормони.
Воспалението го зголемува ризикот за појава на МС
Појавата на МС вклучува неколку генетички и надворешни фактори, но истражувачите потенцираат дека некои од овие фактори се специфични кај жените.
Улогата на естрогенот во стимулација на воспалението ни помага да сфатиме зошто МС се јавува во одреден период од животот, на одредени години. Состојбата најчесто се јавува во перидот кога естрогенот е на високо ниво – за време на таканаречениот репродуктивен период и пред менопауза. На помалку од 5% од луѓето со МС им е дијагностицирана или пред пубертет или после менопауза.
Жени со телесна маса поголема од 30 или поголема на возраст од 18 години имаат двојно повеќе ризик да заболат од МС, отколку оние под 18,5 години и телесна маса под 25 според истражувања објавени во The Journal of neronlogy & neuromedicine. Дебелината за време на детството секако е ризик за појава на МС. Сѐ уште е нејасно дали обезноста го зголемува ризикот за појава на МС или сепак појавата на МС е поврзана со зголемено воспаление во организмот и ниско иво на Д витамин.
Воспалението влијае врз сиптомите на МС
Воспалението во телото може да им олеснува на воспалителните келии и хемикалии да дојдат до централниот нервен систем и да предизвикаат појава на симтоми на МС или прогресија на болеста. Симтомите на МС се менуваат кај жените и зависносат од нивото на хормони. Многу жени имаат забележано дека симтомите на МС се влошуваат ноќта пред почетокот на редовниот менструален циклус или за време на истиот, тогаш кога нивото на естроген опаѓа. Некои исто така забележуваат и промена на МС симптоми за време на менопауза. Сепак, клиничките истражувања не дале резултати со кои се докажува дека менопаузата влијае врз МС. Бременоста може да предизвика појава на воспаление и промена во нивото на хормони.
4 начини да се намали воспалението
- Јадење на здрава храна – Треба само да се даде фокус на јадење на одредена храна која го намалува воспалението (кафеав шеќер, јајца, овошје, јаткасти плодови, зеленчук), а да се избегнува процесирана храна, рафиниран шеќер, заситени масти и транс масти (преработена, пржена храна).
- Постојана активност – Вежбањето е начин за намалување на воспалението, без оглед дали со него се губи тежина или не. Центарот за контрола на болести препорачува 150 минути неделно да се вежба.
- Одржување на здрава телесна тежина – Јадењето здрава храна и активност помагаат при одржување на здрава телесна тежина. Обезноста го предизвикува воспалението и според тоа одржување на здрава телесна тежина е важно при намалување на воспаението.
- Придржување до планот на лечење – Разговарај со твојот доктор за терапија за МС која би можела да влијае врз симотомите на МС. Некои третмани придонесуваат за намалување на воспалението.
Забелешка: Овој текст има информативен карактер и не оезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.