Среќно хоби – 4 активности за позитивна промена во расположението

Сите имаме потреба од опуштање и оддалечување од реалниот живот. Наоѓањето забавно хоби што го пренасочува нашето внимание може да направи вистинска разлика. Не сте сигурни од каде да започнете? Разговаравме со луѓето кои пронајдоа начин кој секојдневно им помага да живеат со мултипла склероза (МС).
1. Музика
Ако некогаш сте почувствувале добри вибрации, допрела до вас музиката на „Beach Boys’“ или сте пролеале солза на опусот на Адел, ќе знаете за моќниот ефект што музиката може да го има врз вашите емоции. Учењето да свирите на музички инструмент ќе ви помогне да ги искористите тие емоции и исто така ќе ви даде одлично чувство на достигнување.
Марк Унтанк се насочи на учење да свири на гитара, откако МС го ограничи движењето на неговата левата рака.
„Се научив да свирам акорди преку Интернет. Поминаа два-три месеци, но постепено силата ми растеше во прстите. Да бидам во можност да го отсвирам мојот омилен дел од песната, ми дава одлично чувство на достигнување. Ова е мојот начин да се борам со мултиплата склероза.“
2. Цртање/сликање
Кој беше вашиот омилен предмет на училиште? Ако сакавте уметност или дизајн, зошто да не ја откриете вашата креативна страна?
Мајк Симпсон реши да се испроба во уметничката група во неговиот локален огранок на MS Society, откако започнаа кај него да се појавуваат ментални и физички тешкотии како последица на МС.
„Јас од среќна личност станав нервозна, мизерна личност. Уметноста ми овозможува да се насочам на моите емоции и во исто време ме ослободува. Ако имам лош ден, ги оставам сите мои емоции и чувства во уметноста што сум ја создал и следниот ден ме тера да се чувствувам како да сум на деветто небо.“
3. Пишување
Не мора да бидете одличен наратор за да имате корист од тоа да ги ставите вашите чувства на хартија. Одржувањето дневник, блогирањето и поезијата се одлични начини да се изразите.
Една од нашите блогерки, Ен Браун, вели:
„Пишувањето ми дава глас. Тоа е ослободување од чувствата што ги добивате кога не можете да направите нешто, гневот, фрустрацијата, тагата. Само го ставив на хартија и почувствував олеснување и ослободување“.
4. Градинарство
Постојат сè поголеми докази дека градинарството може да помогне добро да се одржуваме. Шана Пезаро ги почувствува благодетите од ова.
„Кога минувам особено тежок ден со својата МС градината ме опушта и ми дава чувство на смиреност. Дури и ако сум премногу болна да ја напуштам куќата, сè уште можам да излезам на отворено“.
Немате градина? Со некоја имагинација, сепак би можеле одгледувате растенија.
„Почнавме мала „герилска градина“ на тротоарот пред мојата куќа“, вели Шана.
„Областа беше покриена со плевел и еден ден, решив да го исчистам и да насадам свои цвеќиња. На соседите им се допадна.“
Извор: https://www.mssociety.org.uk/care-and-support/online-community/community-blog/happy-hobbies
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.