Пушењето цигари ги зголемува релапсите кај пациентите со РРМС кои примаат интерферон бета

Истражувањата покажуваат дека пушењето цигари ја зголемува стапката на релапси кај пациентите со релапсно-реминтентна мултипла склероза (РРМС) кои се лекуваат, односно кои примаат терапија интерферон-бета.
Оваа студија укажува на тоа дека пациентите со РРМС кои пушат цигари можеби ќе имаат помал број на релапси (влошувања) доколку се откажат од пушењето.
Една статија за резултатите вели „пушењето влијае врз третманот на интерферон бета додека се лекува мултипла склероза” оваа статија се појави во весникот „Neurology”.
Бројни студии ја истражиле поврзаноста помеѓу околината и факторите кои влијаат врз животниот стил и ризикот од појава на МС. Тие фактори вклучуваат: колку се луѓето изложени на сончева светлина и кое ниво на витамин Д тие го добиваат и дали тие се инфицирани со Epstein-Barr вирус. Пушењето цигари е добро познат ризик фактор за МС, но повеќето истражувања за тоа се фокусирани на поврзаноста помеѓу пушењето и МС или поврзаноста помеѓу пушењето и прогресијата на болеста односно напредокот на болеста.
„Истражувањата кои се однесуваат на поврзаноста помеѓу пушењето и активноста на болеста во РРМС се поретки” напишаа истражувачите.
Тимот истражувачи реши да истражат дали пушењето цигари за време на третман со интерферон-бета ќе влијае врз стапката на релапси.
Предходни истражувања ја поставија студијата така што покажаа поврзаност помеѓу пушење и мутација (промена) на генот кои ги прават луѓето повеќе подложни за развивање на МС.
Овие мутации или промени беа во HLA и NATI гени.
Тимот ја следеше ДНК од 834 пациенти со релапсно-реминтентна мултипла склероза во Данската Multiple Sclerosis Biobank кои беа третирани со интерферон-бета. Беа вклучени добро познати брендови на лекови како: Rebif®, Avonex® и Plegridy®. Исто така тука беа присутни и други имиња и лекови.
Истражувачите исто така ги прегледаа сите медицински досиеја од пациентите две години пред да почнат со терапијата интерферон-бета.
Пред да се направат било какви заклучоци за можната врска помеѓу пушењето и стапката на релапси кај пациентите, тимот ги прилагоди пациентите според нивниот пол, години на старост во време кога започнале со третманот и бројот на релапси во тие две години пред да почнат со третманот.
Нивниот клучен заклучок беше дека пушењето цигари го зголемува за повеќе од четвртина бројот на релапси кај пациентите што се на терапија со интерферон бета.
„Секоја кутија цигари повеќе дневно за време на третман со интерферон-бета го зголемило бројот на релапси за 27%” напиша тимот.
Истражувачите не најдоа поврзаност помеѓу пушењето, релапсите и мутацијата на HLA и NATI гените.
„Нашите резултати потврдуваат дека факторите на животниот стил се важни за МС, предложувајќи дека престанувањето со пушење може да е поврзано со намалување на активноста на болеста” напишаа тие.
„Иако не е формално докажано дека престанокот со пушење цигари ќе ја намали активноста на болеста во РРМС, резултатите треба да ги охрабрат лекарите да ги информираат пациентите со МС за штетното дејство од пушењето и да се зголеми вниманието и насочи фокусот за да се престане со пушење.” забележуваат истражувачите.
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.