ПЛАЗМАФЕРЕЗА (РАЗМЕНА НА ПЛАЗМА) ЗА МУЛТИПЛА СКЛЕРОЗА

Плазмафереза е медицинска постапка за размена на плазма, позната и како начин да се „исчисти“ крвта. Делува слично како хемодијализа кај бубрежно болни лица. За време на процедурата, плазмата (течниот дел од крвта) се заменува со плазма од донатор или со плазма супститут.
Лицата со некои форми на мултипла склероза користат плазмафереза за справување со ненадејни, сериозни релапси (напади). Плазмата кај лицата со мултипла склероза може да има одредени протеини (антитела) кои го напаѓаат сопственото тело. После изведување на плазмафереза, кај некои пациенти има можност да се ослободат од овие протеини и симптомите може да се подобрат.
Како функционира
Плазмаферезата може да се изведе во болница или во дневен амбулантски центар. Процедурата е релативно безболна и нема потреба од анестезија. Се изведува во легната или во полуседечка позиција. Медицинската сестра или специјалист поставуваат интравенски игли прикачени за тенки цевки, наречени катетер, во две вени на двете раце. Ако вените на рацете се премногу мали, можеби ќе треба наместо тоа да се постават игли во вените на рамото или препоните. Крвта излегува преку една од цевките и влегува во машина што ја одделува плазмата од крвните клетки. Тогаш крвните клетки се мешаат со свежа плазма, а новата мешавина на крв се враќа во телото преку другата цевка.
Повеќето третмани траат 2 до 4 часа, во зависност од телесната тежина и колку плазма се разменува. Можеби ќе требаат два или три третмани секоја недела во растојание од две или повеќе недели.
Несакани ефекти и ризици
За време на плазмаферезата, крвен притисок може да се намали повеќе од вообичаеното. Поради ова, пациентите може да чувствуваат слабост, вртоглавици и гадење. Потребно е да се пие вода во деновите пред изведување на процедурата, бидејќи тоа може да помогне во спречувањето на овие симптоми. Можеби пациентите ќе се чувствуваат уморни по завршување на процедурата, но повеќето лица можат веднаш да се вратат на нивните секојдневни активности.
Плазмаферезата може да предизвика крварење и алергиски реакции, а исто така може и да го зголеми ризикот за инфекција. Во ретки случаи, во машината може да настане згрутчување на крвта (тромб).
Кому помага
Плазмаферезата се уште не е во целост прифатена во секојдневната пракса кај пациентите со мултипла склероза бидејќи не постојат доволно медицински докази кои ќе го покажат бенефитот од размената на плазмата. Меѓу здравствените работници сеуште постои контроверзни сфаќања и пракси.
И покрај ова, сепак кај следниве групи на пациенти плазмаферезата може да биде корисна:
- релапсна-ремитентна форма
- маж
- малигна мултипла склероза (Marburg)
- ако се изведе во рок од 20 дена по започнувањето на симптомите
За сериозен релапс, доктор поверојатно е да препорача високи дози на кортикостериодни лекови во рок од 5-7 дена. Ако тоа не ги ублажи симптомите, тогаш можеби плазмаферезата може да се размисли како краткорочна опција. Плазмаферезата не се покажала дека помага кај пациентите со примарно прогресивна или секундарно прогресивна мултипла склероза.
Плазмаферезата може да помогне во третман на други заболувања кои ја оштетуваат обвивката околу ‘рбетниот мозок и нервите, како што се Жилин-Баре синдром, хронична воспалителна демиелинизирачка полиневропатија и мијастенија гравис. После плазмаферезата, пациентите со Жилин-Баре синдром или хронична воспалителна демиелинизирачка полиневропатија поверојатно е да ја повратат мускулната сила и да се движат без потреба од помош.
Извор:
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.