Невообичаени симптоми кај мултипла склероза

Екстремен замор, несмасност, чудни непријатни сензации, проблеми со размислување, пореметен вид – ова се класични и чести први симптоми кај мултиплаta склероза. Но, очекуваното запира тука. Оштетувањето на централниот нервен систем, т.е. вашиот мозок и ‘рбетниот мозок е она што ги предизвикува овие симптоми.
Неконтролирана реакција
Pseudobulbar афектот, исто така наречен PBA или емоционална инконтиненција, предизвикува случајни испади од солзи или смеа кои немаат никаква врска со тоа како се чувствувате. Оштетувањето на нервите во делот од мозокот што ги контролира емоциите може да предизвика неконтролирани испади. Можеби ве загрижува доколку овој симптом ви се случи во јавност или во сериозна околина. FDA одобри лек за третирање на PBA, но се разбира и антидепресивите исто така можат да помогнат.
Гребење/чешање
Тоа всушност и не е чешање. Ненадејно, интензивна итирација го обзема вашето тело. Но, не постои надразнетост на кожата или алергија, осип, инфекција која би ве терала да се чешате. Овој вид на иритација не потекнува од вашата кожа, тоа е чувство поврзано со нервите кое брзо поминува. Може да се третира со лекарства за епилепсија.
Невообичаени фацијални проблеми
Оштетувањето на нервите може да предизвика тригеминална невралгија, палење, прободување или болка слична на шок во образот или вилицата. Може да помине брзо или да се задржи неколку минути. Иако ретко, тоа може да биде прв симптом на МС. Може да почувствувате дека тоа се случува како скокоткање, вкочанетост или болка на едната страна од лицето, како што е стоматолошката болка. Антиконвулзивните лекови можат да помогнат.
Огнени стопала
Dysesthesia е непријатна “променета” сензација како горење, боцкање, вкочанетост во кој било дел од вашето тело. На пример, нозете одеднаш може да ги почувствувате попарени без извор на топлина или оштетување. Вашиот мозок добива искривени нервни сигнали, па се бори да се поврзе со нешто на што се сеќава или замислува
Отежнато голтање
Голтањето не е толку едноставно како што изгледа. Нервите и мускулите во устата и грлото мора да работат со вашиот мозок. Со MС, мускулите може да ослабнат. Помешаните нервни сигнали и сензорните нарушувања може да го отежнат контролирањето на храната или течноста во устата. Дури се случува да чувствувате дека има нешто заглавено во грлото и кога нема. Обично се случува во подоцнежна фаза на MС, но може да се појави и порано.
Проблеми во ‘рбетот
Знакот на Лермит е навистина симптом. Тоа е ненадеен, рапиден “електричен” шок кој стрела надолу по ‘рбетот и нозете. Тоа обично се случува кога ќе го поместите вратот напред (друго име за ова чувство е берберски стол.) Лезии во цервикалниот ‘рбет (вашата вратна област) го предизвикуваат тоа. Лермитот исчезнува толку брзо како што доаѓа, па затоа обично не е потребен третман.
Заматен вид
Оштетувањето на оптичкиот нерв (оптичкиот невритис), кој го поврзува окото со вашиот мозок, може да предизвика нешто што се вика Uhthoff феномен. Ова значи дека визијата накусо се замаглува кога ќе се подигне температурата на вашето тело. (Вашите други MС симптоми може да се влошат, исто така.) Вежбање, топла бања, топло време, дури и фен за коса, можат да ги потенцираат гласовните мозочни сигнали повеќе од вообичаеното. Може да помогне ладен туш, пиење многу ладна вода пред да вежбате или да излезете на топлина.
Оптички илузии
Друг оптички трик кој може да го предизвика МС е феноменот на Pulfrich. Оптичкиот невритис го предизвикува ова. Тоа е 3-D илузија предизвикана од конфликт во вашата визија. Да речеме дека предметот е насочен кон вас во права линија. Наместо тоа, може да ја видите неговата патека како елиптична орбита. Може да пропуштите топка додека се обидувате да ја фатите. Посебен филтер пред окото може да помогне во рамнотежата на видот.
Ненадејни спазми (грчеви)
Кратки спазми се случуваат кога се воспалени оштетените области на мозокот. Тие може да се почувствуваат во вашата рака или нога, или мускулите што ги користите за да јадете и да зборувате. Иако, тие можат да се повторуваат неколку до многу пати на ден, рутата обично завршува во рок од неколку месеци. Сепак, тие не се исти како напади. Можете да ги третирате со антиепилептични лекарства.
Мигрени
Мигрените се ненадејни главоболки кои можат да траат од неколку часа до денови. Тие понекогаш може да бидат првиот MС симптом. Луѓето со MС имаат двојно поголема веројатност да страдаат од ваков вид болки. Тие можат да доведат до гадење или да ја потенцираат чувствителноста на звук и светлина. Изгледа луѓето со MС имаат семејни истории на мигрена, па истражувачите, меѓу останатото, ја бараат врската.
Проблеми со слухот
Што велиш? Ретко, проблеми со слухот може да бидат прв симптом на МС. Може да имаат врска плаките (лузните) во близина на вашиот аудитивен нерв. Плаките на нервите по оваа патека исто така може да доведат до тоа. Овие епизоди обично се подобруваат, а постојаната глувост е ретка.
Вертиго
Ако имате вертиго, може да се чувствувате како областа околу вас се врти. Може да го наруши вашиот баланс повеќе од само вртоглавица. Можете исто така да се чувствувате зашеметено или да имате неподносливо чувството при движење. Тоа се случува на околу 1 од 5 лица со MС. Тоа може да потекнува од оштетувањето во истите патишта што го контролираат вашиот слух и визија. Третманот може да вклучува физиотерапија.
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.