Мултипла склероза и кардиоваскуларни болести: која е врската?

Мултипла склероза (МС) е автоимуна состојба во која се состои од оштетување на ткивото на нервниот систем, што резултира со симптоми кои се движат од пецкање, вкочанетост и проблеми со видот до исцрпувачка мускулна слабост. Покрај оштетувањето на мозокот и ‘рбетниот мозок, МС може исто така го зголеми ризикот од кардиоваскуларни болести (КВБ), вклучувајќи проблеми во срцето и крвните садови.
Поврзаност помеѓу МС и срцевите проблеми
Неколку студии сугерираат поврзаност помеѓу МС и срцевите заболувања.
Зголемените нивоа на триглицериди и LDL холестерол (липопротеини со ниска густина, кои се сметаат за „лоши“) се поврзани со полоши симптоми на МС и повеќе абнормалности во снимањето на мозокот. МС исто така е поврзана со повисоки стапки на мозочни и срцеви удари и смрт од КВБ.
Причините за ова сè уште се истражуваат, но научниците предложија врски помеѓу воспалението и срцевите заболувања, како и генетските мутации поврзани со МС кои влијаат на срцевиот мускул и ризикот од КВБ. Покрај тоа, постојат некои заеднички фактори на ризик за МС и срцеви заболувања, како што се пушењето и дебелината, кои може да придонесат за ваквите наоди.
Видови на КВБ поврзани со MС
MС е поврзана со следните типови на КВБ:
- Срцев удар
- Мозочен удар
- Периферна васкуларна болест (бавно, прогресивно нарушување на циркулацијата на крвта)
- Срцева слабост
- Абнормалности на срцето
Препознавање на симптомите
Важно е да се препознаат симптомите на КВБ, особено за оние кои се изложени на зголемен ризик.
Симптомите на срцев удар може да вклучуваат непријатност во градите, отежнато дишење, слабост, вртоглавица и гадење.
Аритмиите може да предизвикаат зашеметеност, несвестица, палпитации и слабост.
Срцева слабост може да предизвика отежнато дишење, отекување на нозете, зголемување на телесната тежина, замор и нетолеранција на вежбање.
Мозочниот удар може да има променливи симптоми, вклучувајќи ненадејна слабост на едната страна од телото или лицето, тешкотии во зборувањето и промени во видот.
Периферната васкуларна болест обично се манифестира со клаудикација, што е непријатност во мускулите на нозете при одење, кое се олеснува со одмор.
Минимизирање на ризикот
Спречувањето на КВБ е важно за секого, но оние кои се изложени на поголем ризик од КВБ треба да обрнат големо внимание во управувањето со контролираните фактори на ризик.
Водењето што е можно поздрав начин на живот е првиот чекор. Ова вклучува:
- Јадење здрава исхрана
- Престанување со пушење
- Вежбање (до степен на вашите можмости)
МС може да го отежне вежбањето, но редовните вежби кои го зголемуваат срцевиот ритам, вклучувајќи активности како аеробик во вода и вежби на стол, се корисни.
Покрај здравиот начин на живот, важно е да се обезбеди контрола на крвниот притисок, шеќерот во крвта и холестеролот. Начинот на живот може да помогне при висок крвен притисок, дијабетес и висок холестерол, но често се потребни лекови.
Други фактори на животниот стил
КВБ можат да бидат под влијание и од недоволно препознатливи фактори на начин на живот, вклучувајќи лоши навики за спиење и состојби на ментално здравје.
Погрижете се да спиете доволно и да дадете приоритет на менталното здравје.
Резиме
МС е поврзана со повисоки стапки на кардиоваскуларни болести, вклучувајќи мозочен удар, срцев удар, смрт од КВБ и периферна васкуларна болест. Причината за ова сè уште не е целосно разбрана, но може да биде поврзана со комбинација на фактори, вклучувајќи воспаление, генетика и фактори на ризик.
Важно е да се препознаат предупредувачките знаци на КВБ и доколку е потребно да се побара лекарска помош. Спречувањето на КВБ вклучува здрав начин на живот и управување со други фактори на ризик, како што се крвниот притисок, шеќерот во крвта и холестеролот.
Решавањето на факторите на ризик кои се заеднички и за КВБ и за MС, како што се пушењето, седентарен начин на живот и дебелината, може да биде корисно и за намалување на ризикот од КВБ и за подобрување на симптомите на МС.
Извор: https://www.verywellhealth.com/ms-heart-issues-5224960
Забелешка: Овој текст има информативен карактер и не оезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.