Помошни уреди (помагала) за лица со МС

Помагалата се алатки кои може да го олеснат животот со МС. Корисни се при активности како одење, облекување, капење, и помагаат да потрошите помалку енергија. Физиотерапевтот може да ви препорача и да ве научи како да користите уреди кои најмногу би ви одговарале вам.
Разговарајте со вашиот лекар или терапевт пред да користите било какви помагала. Ако вашиот лекар ви го препише помагалото осигурувањето покрива дел од трошоците.
Помагала за движење за лица со МС
Некои од овие помагала можат да ви го олеснат движењето։
- Ортопедски помагала
Овие влошки кои се ставаат во чевлите може да помогнат во стабилноста и да го олеснат заморот. Тие исто така можат да ги поткрепат вашите стапала што помага ако имате спазам во нозете.
- Протези за нозе
Слабоста во мускулите на нозете може да го отежне искачувањето и слегувањето по скали, станување од стол или одењето. Протезата за глужд ве одржува стабилни кога имате проблеми со мускулите што ја креваат ногата. Се вметнува во обичен чевел и ги спречува прстите да се влечат. Ако имате мускулна слабост во вратот протезата за врат може да ја врати удобноста.
- Бастун
Бастунот е корисно помагало кога едната нога е послаба од другата или кога имате благи тешкотии со рамнотежата. Еве неколку совети за користење:
Држете го бастунот на посилната страна на телото со што тежината ќе биде префрлена од послабата страна.
Четириножните бастуни овозможуваат поголема стабилност отколку стандардните.
Препорачано е да се консултирате со физиотерапевт како правилно да го користите бастунот, или било кое помагало.
- Одалки
Одалката се препорачува како помагало доколку имате поголема слабост во нозете или тешкотии со рамнотежата. Доколку е потребно можете да додадете тркала или дополнителна платформа.
- Инвалидски колички или скутери
Можат да ви овозможат да се движите на поголемо растојание доколку имате поголеми тешкотии при самостојното движење. Обично се користат ако чувствувате силен замор, ако сте многу нестабилни или понекогаш паѓате.
Помагала за извршување на секојдневните задачи
Постојат многу начини да ги направите секојдневните задачи полесни и помалку заморни. Разговарајте со вашиот физиотерапевт околу следниве алатки.
Капење
- Клупа за када или столче за туширање
- Рачен туш
- Рачки за придржување за када или туш
Користење на тоалет
- Комода до креветот
- Рачки за придржување во близина на тоалетот
- Тоалетно седиште со потпирачи за раце (можете да ставите подигнато седиште над обичното)
Тоалетна нега
- Електричен диспанзер за сапун и четка за заби
- Осветлено огледало додека се бричите или шминкате
- Четки и чешли со долги рачки
Облекување
- Самоспојувачки ленти, копчиња, патенти и закачалки за облека
- Помагала за обување чорапи
- Лажици за обување чевли, со долги рачки
- Помагала за закопчување
- Столче за седење додека се облекувате
Готвење
- Корисна количка со тркала
- Електричен отворач за конзерви
- Стабилизатор за садови за готвење
- Помагала за дофаќање на кујнски предмети
- Табла за сечење со вакуумски ногарки (ја одржуваат стабилна)
- Садови и тави со мала тежина
- Нелизгачки подметки на работната маса
- Столче за седење додека готвите или миете садови
- Кујнски вентилатор за разладување
Јадење
- Специјален прибор како што се лажици и виљушки со голема рачка, комбиниран прибор (виљушка – лажица)
- Потпора за чинии
- Потпора за дланките
Помош на работната маса
- Специјализирани држачи за пенкала и моливи
- Потпора за зглобовите
- Потпора за одмарање на рамената или за оставање на слушалките од вашиот телефон
- Држач и превртувач на страници за книга или електронски читач
- Лупа за зголемување на печатен текст
- Компјутерски монитор со заштита за видот
- Календари и организатори
Работа или активност на отворено
- Елек за ладење со што би ја регулирале топлината. Исто така обидете се да користите и облоги за ладење на вратот, зглобовите или глуждовите
- Градинарски алатки со долга рачка така што не би морало да се наведнувате при работа во градината
- Количка на тркалаза градинарски алат
Спиење
- Електрични кревети или душеци
Извор: https://www.webmd.com/multiple-sclerosis/multiple-sclerosis-assistive-devices
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.