Вообичаени когнитивни симптоми кај МС

Мултипла склероза (МС) може да влијае на различни делови од мозокот и да предизвика различни когнитивни симптоми. Некои од лицата со МС ги опишуваат овие симптоми како „замаглен мозок“. Некои од најчестите типови на когнитивни симптоми вклучуваат:
Внимание и концентрација
Неколку примери за тешкотии со вниманието и концентрацијата։
- Вашиот ум лута низ мислите или ја губите поврзаноста на мислите
- Лесно се расејувате и имате тешкотии со концентрацијата при извршување на задачите
Информации и обработка
Примери за тешкотии со обработка на информации се:
- Имате тешкотии со учење нови работи
- Чувствувате дека вашиот мозок работи бавно
- Тешко го следите разговорот кога повеќе луѓе зборуваат одеднаш
- Се чувствувате уморни кога се наоѓате на бучни места како што е ресторан или посета на театар
- Имате тешкотии при следење на упатства
Краткорочна меморија
Примери за тешкотии со краткорочна меморија се:
- Заборавање на имињата на луѓето
- Враќање на работите на погрешно место, на пример млекото во шкафот наместо во фрижидер
- Губење на мислата при разговор
- Да се изгубите на места на кои сте биле многу пати
- Имате тешкотии да запомните како да извршувате задачи, на пример како да користите дебитна картичка
Течно говорење при вербална комуникација
Примери за тешкотии со течниот говор։
- Не можете да се сетите на зборовите кои сакате да ги изговорите
- Го мешате редоследот на зборовите, на пример „мачка црна“ наместо „црна мачка“
- Не ги изговарате зборовите кои сте сакале и речениците кои ги изговарате се конфузни
Извршни функции
Примери за тешкотии со извршните функции։
- Имате тешкотии при извршување на повеќе задачи во исто време
- Тешкотии при организирање или планирање
Визуелно – просторни релации
Примери за тешкотии со визуелно-просторните релации։
- Се соочувате со тешкотии при проценување на димензиите на работите, на пример при паркирање на возилото
- Конфузност во чувството за насока
Извор: https://www.mymsteam.com/resources/common-cognitive-symptoms-in-ms
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.