Како да патувате безбедно кога имате мултипла склероза

Мултиплата склероза (МС) не мора да ве спречи од задоволството да го видите светот. Овие совети ќе ви покажат како да патувате со леснотија, иако имате МС.
Планирањето однапред е исклучително важно за безбедно патување со MС.
МС е болест која може да се одрази непредвидливо, да биде предизвикана од стрес, замор, топлина и инфекција. Бидејќи патувањето може да биде причина за изложеност на стрес, замор, топлина и влажност, тоа не значи да останете дома.
„Воопшто не”, изјави д-р Мери Ренсел, невролог која специјализирала мултипла склероза на клиниката во Кливленд, САД. „Повеќето луѓе со мултипла склероза немаат ограничувања во поглед на патувањата. Дури и луѓето со понапредна МС може безбедно да патуваат доколку испланираат однапред”.
Бил Вајт имаше 47 години кога му беше дијагностицирана мултипла склероза во 1997 година. Тој беше првиот пациент кој доби трансплантација на матични клетки за MС на клиниката во Кливленд. Едно од патувањата што најмногу ги памети е патувањето со авион до Вашингтон за да разговара во Конгресот за истражување со матични клетки.
Работи како инструктор за фитнес и личен тренер во областа Кливленд. „Најлошото што можете да го сторите ако имате МС е да останете дома и да се грижите”, изјави Вајт. „Треба да бидете активни. Патувањето може да биде добар начин да излезете и да се движите”.
Извор: https://www.everydayhealth.com/multiple-sclerosis/living-with/how-to-travel-safely-when-you-have-ms/