Јавањето коњ може да биде од корист за лицата со мултипла склероза

Научниците тврдат дека терапевтското јавање или хипотерапија, може да помогне во справување со болката, заморот и тешкотии со рамнотежата кај лицата со МС.
Дали јавањето може да помогне во ублажување на симптомите на МС?
Според резултатите добиени од едно истражување спроведено во Германија, терапевтското јавање, познато како хипотерапија, заедно со стандардната нега дава позитивни резултати во справувањето со тешкотии во рамнотежата, заморот, моторните способности и спастичноста кај лицата со МС.
Примарниот резултат од спроведената студија беше промената на Берговата балансна скала (ББС) „Berg Balance Scale (BBS)“.
BBS е широко прифатено клиничко тестирање за способностите за рамнотежа кај едно лице, а вклучува и дополнителни тестирања за замор, болка, квалитет на живот и спастичност.
Истражувањето е иницирано од Marion Drache, претседател на извршниот одбор на „Zentrum für Therapeutisches Reiten Johannisberg e.V“, која е непрофитна организација за хипотерапија фокусирана на научни студии за терапевтско јавање од 2004 година.
„Хипотерапијата е различна од вообичаеното јавање“, истакна Drache за Healthline.
Таа објасни дека хипотерапијата е физиотерапевтски третман базиран на неврофизиолошки пристап. Делува преку „пренесување на тродимензионалните движења генерирани од бавното одење на коњот на пациентот“, рече таа.
Како делува јавањето?
Специјално обучени коњи се водат во голем круг со бавни, ритмички и методични чекори додека хипотерапевтите ја користат енергијата и движењето на коњите за да работат со секој пациент.
„Тоа ги релаксира луѓето“, истакна за Healthline Andreas Gerber-Grote, декан на „School of Health Professions“ при „ZHAW, Zurich University of Applied Sciences“. „Додека јаваат, пациентите треба да одржуваат рамнотежа со што се стимулираат мускулите и центарот за рамнотежа“.
Gerber-Grote е одговорен за дизајнот и примената на студијата.
Коњичкиот полк кој бил вклучен во ова истражување бил обезбеден во согласност со „ German Curatorship for Therapeutic Riding (DKThR)“ и бил посебно формиран за работа со лица со МС.
Коњите кои се користеле, исто така биле специјално обучени.
Пациентите вклучени во истражувањето честопати искажувале колку добро се чувствуваат по нивните хипотераписки сеанси.
Drache сподели дел од коментарите со Healthline.
Еден пациент рече։ „неколку дена по сеансата сѐ изгледа полесно“.
Друг сподели։ „По хипотерапијата, рамнотежата ми е толку подобрена што можам повторно да се качувам по скали“.
Истражувањето беше финансирано од страна на „ Drache Foundation“ во Германија.
Истражувањето имаше можност да се спроведе на 5 клиники и опфати 70 пациенти. Траеше 12 недели.
Резултатите беа малку разочарувачки
Иако студијата даде позитивни резултати, научниците очекуваа повеќе.
„Клиничката разлика на „Berg Balance Scale BBS“ не е толку голема како што се очекуваше“, истакна Gerber-Grote. „Постои разлика, но дали е клинички значајна?“
За да се дојде до појасна слика потребно е да се спроведат повеќе истражувања.
Gerber-Grote советува продолжување на истражувањето и интензивирање на хипотерапијата во иднина.
Или, можеби работа во групи со лица со потешки симптоми.
Оваа студија вклучи 5 коњички центри низ Германија и хипотерапевти кои „воопшто не беа запознаени со истражувањето“.
Gerber-Grote го коментираше истражувачкиот тим и истакна дека тоа е доказ дека со тренинг и едукација „во реални услови тимот може да спроведе студија која не вклучува лекарства, на високо ниво“.
Gerber-Grote ја нагласи важноста на ова истражување бидејќи „овозможи здрава, солидна студија за тоа дали хипотерапијата, интервенција без употреба на лекарства, може да биде од полза на лицата со МС“.
Останати истражувања
Германија не е единственото место каде се истражува делотворноста на хипотерапијата.
Научниците во Грција неодамна објавија студија дека терапијата обезбедува когнитивна, емоционална и социјална благосостојба.
Тие додаваат дека учесниците кои ја посетувале оваа терапевтска програма имаат можност да ја искусат, да извлечат корист и да уживаат во оваа активност на отворено.
Во САД, повеќе од 19 милијарди долари годишно се трошат за рехабилитација на лица со попреченост поврзана со МС, мозочен удар, тешкотии со рамнотежа и повреди на ‘рбетниот мозок.
Медицинските сестри во Missouri откриле дека хипотерапијата помага во справувањето со функционалните нарушувања, болките, тешкотии со рамнотежата и намалениот квалитет на живот кај лицата со овие состојби.
Според веб страната на „National MS Society“, хипотерапијата претставува примарен алтернативен спорт кој се препорачува за лицата со МС, особено за оние со ограничена подвижност.
Програмите се достапни низ целата земја.
Двата главни ресурси за терапија базирана на јавање се „American Hippotherapy Association“ и „Professional Association of Therapeutic Horsemanship“.
Извор: https://www.healthline.com/health-news/therapeutic-horseback-riding-for-multiple-sclerosis
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.