Видови клинички испитувања

Постојат многу различни видови клинички испитувања кои може да се разликуваат според целта, дизајнот и бројот на учесници, како и други фактори.
Различните видови клинички студии може да се категоризираат според намената, а се разликуваат и во дизајнот и во целите, во зависност од тоа што се обидуваат истражувачите да откријат. Клиничките испитувања, исто така, може да се поделат по фази, кои се движат од претклинички до постмаркетиншки, во зависност од тоа во која фаза од истражувачкиот процес се наоѓа одреден третман или интервенција во даденото време.
Ви нудиме преглед на секој тип на клиничко испитување и што тоа вклучува.
Видови клинички испитувања по намената
Не сите студии се создадени со иста цел. Некои може да се дизајнирани да го објаснат влијанието и ефектите на некој нов медицински уред, додека други може да бидат насочени кон проценка на ефективноста или безбедноста на испитуваниот лек. Други, пак, може да се фокусираат на објаснување на одредена состојба, како генетиката може да игра улога во ризикот од болеста или факторите кои влијаат на квалитетот на животот.
Некои од најчестите типови на студии:
- Интервентни или третмански испитувања: тип на студии кои се најпознати и најраспространети; овие студии тестираат третмани кои сè уште не се одобрени за употреба.
- Испитувања за превенција: дизајнирани да ги анализираат начините за спречување на појавата на одредени медицински состојби.
- Набљудувачки испитувања: се користат за испитување на здравствени проблеми кај големи групи или поединци и не вклучуваат никаква интервенција за време на студијата.
- Дијагностички и скрининг испитувања: дизајнирани да помогнат да се најдат нови начини за откривање и дијагностицирање медицински проблеми.
- Генетски испитувања: наменети за испитување на генетските врски и особини во семејствата и како овие фактори можат да влијаат на здравствените ризици и исходи.
- Испитувања за квалитетот на живот: фокусирани на квалитетот на живот на пациентите и се насочени кон минимизирање на ефектите од дадена состојба и третманите кои се користат.
Видови клинички испитувања по фази
Постојат различни фази на клиничко испитување, кои се разликуваат според бројот на учесници и специфичните цели, во зависност од тоа кога се применува одреден третман или интервенција во процесот на истражување.
- Предклиничко тестирање: фаза на тестирање на животни кое се одвива во лабораторија е потребна пред да може интервенцијата да се примени кај луѓето.
- Испитувања во фаза 1: првиот истражувачки чекор кој вклучува човечки волонтери (мала група од околу 20 до 80 учесници*) и ја проценува безбедноста на даден експериментален лек или третман, како и одредување безбеден опсег на дози и идентификување на потенцијалните несакани ефекти.
- Испитувања во фаза 2: вклучува поголеми групи луѓе волонтери (од 100 до 300 учесници) за да се измери ефективноста на интервенцијата и да се продолжи да се оценува нејзината безбедност.
- Испитувања во фаза 3: вклучува уште повеќе учесници (1.000 до 3.000 лица) за да се потврди ефективноста на интервенцијата, да се следат потенцијалните несакани ефекти, да се спореди третманот со други кои веќе се користат и да се соберат податоци за тоа како експерименталната интервенција може безбедно да се администрира.
- Испитувања во фаза 4: вклучува многу поголема популација на проучување (илјадници учесници) и помага да се соберат повеќе информации за долгорочната безбедност и ефикасност на третманот по неговото одобрување; познато и како постмаркетиншко истражување.
Извор: https://multiplesclerosisnewstoday.com/types-of-clinical-trials/
Забелешка: Овој текст има информативен карактер и не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.