МС Македонија
  • Донирај!
  • Menu Canvas
    • Почетна
    • За нас
      • Станете член
      • Медицински/стручен одбор
      • Документи
      • Активности
      • Соработки
      • Корисни линкови
    • Мултипла Склероза
      • Што треба да знаете
      • База на знаење
      • Виртуелен МС Советник
      • Закони и прописи
      • Биди физички активен!
      • Психолошка и психотерапевтска помош
    • COVID-19 и МС
      • Поврзани содржини
    • Публикации
    • Вести
    • Контакт
  • Контакт: msmakedonija@gmail.com
    • Станете член
    • Донирај
    • MSM Facebook
    • MSM Youtube
  • flag en English
    • flag fr French
    • flag de German
МС Македонија
  • Почетна
  • За нас
    • Станете член
    • Медицински/стручен одбор
    • Документи
    • Активности
    • Корисни линкови
  • Мултипла Склероза
    • Што треба да знаете
    • База на знаење
    • Виртуелен МС Советник
    • Закони и прописи
    • Биди физички активен!
    • Терапевтска Јога
    • Психолошка и психотерапевтска помош
  • COVID-19 и МС
    • Поврзани содржини
  • Публикации
  • Вести
  • Контакт

5 трикови со храна за лица со мултипла склероза

Homepage Мултипла Склероза 5 трикови со храна за лица со мултипла склероза

5 трикови со храна за лица со мултипла склероза

msmakedonija
јуни 13, 2019
Мултипла Склероза

За луѓето кои живеат со мултипла склероза (МС) здравата исхрана е значаен дел од зачувувањето на здравјето заедно со вежбањето и редовните контроли. Овој текст ги содржи петте трикови со храна на Elissa Holzman, пациент со МС и здравствен тренер на пациенти со хронични болести и МС.

Размислувајте зелено, жолто, портокалово и виолетово.

Зеленчукот е добар за секого. Свежиот зеленчук кој е светло обоен содржи повеќе антиоксиданси, кои штитат од болести, затоа пололнете ја вашата чинија со зеленило како спанаќ, ќељ и слично. За луѓето со МС здравата диета, заедно со вежбањето и редовните контроли е многу важна за зачувување на здравјето.

Штотуку одбрав маица со лого „ЈАДИ ДОБРО И ПАТУВАЈ ЧЕСТО”, која беше јасно дека беше направена само за мене.

Патувањето на нови места и откривањето нови работи е нешто во кое уживам. А убавите оброци ме прават да се чувствувам разгалено и згрижено, а бидејќи не можам да патувам на егзотични места секоја недела, здравата исхрана е нешто на кое го посветувам повеќето од времето. Но со двајца тинејџери дома, планирањето оброци е речиси целодневен ангажман, затоа што прво прашање кога си доаѓаат од училиште е „Што има за јадење?“

Моја цел се балансирани оброци, а бидејќи често посветувам внимание и настојувам за хранливоста на зеленилото, се трудам да направам нови и разновидни оброци за да ги добиваме хранливите состојки без да ни се здосади храната која ја јадеме. За луѓето со МС, здравата храна, тренингот и контролата се многу битни. Давањето добро гориво на нашите тела е важно за да функционира на оптимално ниво. Има многу работи со нашата МС кои се надвор од наша контрола, но здравата исхрана може да направи многу. Без оглед на вашата возраст, желбите и вкусот на вашите другари или зафатеноста секогаш постои начин да се стави здрава храна во чинијата. Еве ги моите 5 трикови со храна.

  1. Размислувај зелено! Свежиот зеленчук кој е светло обоен содржи повеќе антиоксиданси кои ве штитат од болести, затоа полнете ја чинијата со зеленило како спанаќ, ќељ, марула. Спанаќот и ќељот можат лесно да се зачинат со ѓумбир, лимонов сок, лук, ореви, семиња и други зеленчуци за здрав оброк.
  2. Користете чисти протеини. Риба, живина, зрнести производи, семиња се добар избор, те заситуваат и ви го чуваат срцето здраво. Сирењето и месото не мора да се исклучат од исхраната, но да се јадат во умерени количини.
  3. Не плашете се од мастите! Спротивно на верувањето мастите не дебелеат. Омега 3 го намалуваат ризик од срцеви болести, инфаркт и други заболувања. Здравите масла се добар избор, уживајте во маслиново масло на салати и при готвењето. Авокадо на тенки парчиња во тост со маслиново масло, лимонов сок, сол и пипер се одличен избор на омега 3.
  4. Користете кафеаво. Одбегнувајте бел ориз, бел леб, рафинирани зрна и користете кафеав ориз, овес, киноа кои содржат влакна и протеини.
  5. Пијте вода. Водата е најдобра, дали е обична или газирана. За промена уживајте со кришка лимон.

Хранењето со здрава храна го намалува ризикот од хронични болести и обезбедува витамини и хранливи материи за зачување на здравјето и енергијата. Одвреме навреме ни треба потсетување за здрава исхрана, кое од горенаведените трикови ви е прифатлив?

Previous Story
Ставови и позиција на Националното здружение за МС – имплементација на регистар на пациенти
Next Story
Пациентите со мултипла склероза заслужуваат најдобра грижа

Најнови објави

  • МС Барометар 2020
  • Вежби за долниот дел од телото
  • Јога на столче – вовед
  • Нова веб страница на Националното здружение за МС
  • Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?

Тагови

JC JCV ms sovetnik virus МС ПМЛ Прогресивна мултифокална леукоенцефалопатија Светски ден на МС вирус мултипла мултипла склероза склероза

Национално здружение за МС

Здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза.

  • Почетна
  • За нас
  • Мултипла Склероза
  • COVID-19 и МС
  • Публикации
  • Донирај!
  • Вести
  • Контакт

    Национално Здружение за МС - Сите права задржани.
    SearchPostsLoginCart
    понеделник, 15, Мар
    МС Барометар 2020
    вторник, 2, Мар
    Вежби за долниот дел од телото
    вторник, 2, Мар
    Јога на столче – вовед
    среда, 17, Фев
    Нова веб страница на Националното здружение за МС
    понеделник, 15, Фев
    Кога едно лице со МС треба да побара психолошка помош и поддршка и што таа придонесува? Дали психолошките сеанси за лица со хронична болест се разликуваат од оние за општата популација?
    понеделник, 15, Фев
    Колку е важна улогата на медицинските сестри во лекувањето на МС?

    Welcome back,