Третман на мултипла склероза со интравенозен имуноглобулин
Интравенозен имуноглобулин (IVIG) претставува терапија која е мешавина од антитела (имуноглобулини), одбранбени протеини произведени од вашиот организам како одговор на некоја болест кои се инјектираат интравенозно во текот на неколку дена со цел подобрување на имунолошкиот систем. Се верува дека IVIG помага при лекувањето на мултипла склероза (МС) и други невролошки заболувања преку стимулирање на одредени делови на имунолошкиот систем и потиснување на други.
Сепак, никој со сигурност не знае како овој третман делува. Како оваа терапијата со имуноглобулини не е одобрена од страна на „U.S. Food and Drug Administration (FDA)“ за третман на болести каде имуниот систем е сериозно нарушен. Овие состојби може да вклучуваат неонатална сепса, детски HIV и одредени случаи на напреден HIV. IVIG исто така се користи и за третман на лица со релапсно – ремитирачка форма на МС (РРМС).
Примена
Иако нема јасен консензус за тоа кога третманот со IVIG е најсоодветен за лица со МС, тој покажа ветувачки резултати во голем број специфични области вклучувајќи:
- Спречување на релапс кај лица МС во постпартална бременост
- Третман на лица кај кои не делува примарниот третман на РРМС и не се толерантни на традиционалните лекови за модифицирање на болеста.
Делување
До денес не може да се тврди колку IVIG е ефикасен во лекувањето или забавувањето на прогресијата на МС. Повеќето докази се базирани на ефектите на третманот врз други невролошки заболувања, како што се „Guillain-Barré syndrome“ и „myasthenia gravis“. Студиите фокусирани исклучиво на IVIG и примената на третманот кај лица со МС, во најмала рака се нејасни.
Една австриска студија покажала мало, но статистички значајно подобрување на попреченоста, мерено со Скалата за процена а телесна попреченост (EDSS). Други студии покажале дека при снимање на магнетна резонанца (МР) се регистрирале мали подобрувања во однос на големината и бројот на мозочни лезии кај лицата со МС.
Кај други студии пак во лекувањето на РРМС не се регистрира разлика во ефикасноста на IVIG третманот во споредба со плацебо.
Несакани ефекти
Најчестиот несакан ефект при третманот со IVIG е главоболка која обично може да се третира со лекови против болки кои се издаваат без рецепт.
Други можни несакани ефекти։
- Треска
- Болки во зглобовите
- Болки во градите
- Повраќање
- Гадење
- Замор
- Вртоглавица
- Треска
- Осип (поретко)
Ретки несакани ефекти
Забележани се и некои ретки, но сериозни несакани ефекти, како։
- Асептичен менингитис
- Срцев удар
- Мозочен удар
- Длабока венозна тромбоза
- Бубрежна дисфункција
Интеракции и контраиндикации
IVIG не треба да се користи кај лица со бубрежни заболувања или лица со недостаток на IgA, генетско нарушување кое се карактеризира со недостаток на антитела кои штитат од инфекции во устата, дишните патишта и дигестивниот тракт.
IVIG треба да се користи со претпазливост кај лица со следниве состојби:
- Срцеви заболувања
- Дијабетес
- Чувствителност на имуноглобулини
- Чувствителност кон малтоза или сахароза (состојки кои се користат во некои формули на IVIG)
Единствената јасно дефинирана интеракција со IVIG ги вклучува „живите“ вакцини. Имуноглобулините можат да ја намалат ефикасноста на вакцината и да ја поништат секоја заштита која вакцината ја обезбедува.
Трошоци
Третманот со IVIG стана екстремно скап и се движи околу 100 долари за грам. За лице со тежина од 70 килограми препорачаната месечна доза ќе чини околу 7000 американски долари, не вклучувајќи ги административните и трошоците за нега.
Некои осигурителни компании може да покријат дел од трошоците, но најчесто процедурата за одобрување на средства за ваков тип на лекување е макотрпна. Доколку сепак средствата се одобрат, партиципацијата во лекувањето може да биде исклучително висока. Меѓутоа некои производители на IVIG нудат програми за помош на пациентите „patient assistance programs (PAPs)“ преку кои делумно или целосно се покриваат трошоците за лекување.
Забелешка
Ако вашиот лекар препорача IVIG веројатно ќе мора да се обидете да добиете одобрување за покривање на трошоците од страна на осигурителната компанија. Исто така е важно да се разберат придобивките и ограничувањата на предложениот третман. Ако имате било какви дилеми не двоумете се да побарате второ мислење од квалификуван специјалист.
Извор: https://www.verywellhealth.com/intravenous-immunoglobulin-for-ms-2440886
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.