Имате мултипла склероза? Еве зошто коронавирусот e особено опасен за вас

Лековите кои ја стопираат прогресијата на мултиплата склероза можат значително да влијаат на индивидуалните компоненти на имунолошкиот систем и да ја нарушат неговата способност да се бори против коронавирусот. Во зависност од лековите што ги земате и од несаканите ефекти што ги имате, невролозите ве предупредуваат што може да ви се случи и кога треба да престанете да земате терапија за мултипла склероза.
Во нашата држава, има повеќе од 1500 лица со мултипла склероза, хронично воспалително демиелинизирачко заболување на централниот нервен систем, на средна возраст од 25 до 50 години, кои сега треба да бидат особено претпазливи.
Несакани ефекти
Иако мултиплата склероза не го менува имунолошкиот статус на заболените, земањето лекови кои ја забавуваат прогресијата на болеста, таканаречени лекови за модифицирање на болеста (анг. disease modifying therapies, DMTs) може значително да ја намали способноста на организмот да се справи со вирусната инфекција. Докторите посочуваат дека тоа зависи од лекот што го користи пациентот, a ризикот се проценува за секој пациент индивидуално.
Имуномодулаторните лекови кои ги земаат пациентите со МС предизвикуваат несакани ефекти и можат да бидат отежнувачка околност при справување со коронавирусната инфекција.
Во случај на инфекција
Кај лицата кај кои е дијагностицирана болеста COVID-19, потребно е да се прекине било кој DMT до закрепнување или негативен наод за коронавирус. По клиничкото закрепнување и добиени негативни наоди, неопходно е да се консултирате со вашиот невролог за можноста за повторнио започнување со DMT.
Групи на лекови
Лековите како што се interferon alpha/beta, glatiramer acetate и teriflunomide не влијаат значително на способноста на имунолошкиот одговор. Dymetil fumarat припаѓа на оваа група на лекови, меѓутоа, во случај на лимфопенија, одговорот на вирусот може да биде нарушен. Fingolimod, како и сите други лекови во групата на кои припаѓа (siponimod, ponesimod, ozanimod), предизвикува задржување на лимфоцитите во лимфните јазли и бидејќи води кон намалено ниво на лимфоцити, може потенцијално да предизвика нарушен имунолошки одговор на вирусна инфекција.
Natalizumab спречува влез на лимфоцити во централниот нервен систем и не влијае на способноста на имунолошкиот одговор на системска инфекција. Ако се земе предвид дека коронавирусот досега не покажал невротропни карактеристики, односно не предизвикува инфекција на централниот нервен систем, употребата на natalizumab се смета за безбедна. Имуноконституционалната терапија, вклучително и alemtuzumab и cladribine, предизвикува намалување на бројот на Б и Т лимфоцити со нивно постепено закрепнување кое трае од неколку месеци до неколку години во зависност од подтипот на лекот и лимфоцитите.
Затоа, имунолошкиот одговор на вирусна инфекција е нарушен во рок од неколку месеци по администрација на овие лекови. Ocrelizumab и други лекови во оваа група (rituximab, ofatumumab, ublitoximab) селективно влијаат на лимфоцитите на Б клетките и предизвикуваат нивно долгорочно намалување. Иако имунитетот на Т-клетките е првенствено важен за контрола на вирусна инфекција, изразеното намлување на бројот на Б лимфоцитите може да доведе до послаб имунолошки одговор.
Пред донесувае на одлука за промена на терапија, неопходно е да се консултирате со Вашиот невролог и во никој случај не смеете самостојно да го прекинете третманот.
Препораките се основа за пристап при земање на имуномодулаторна терапија при што треба да се има предвид индивидуалниот пристап за секој пациент. Лицата кои започнале или добиле втор циклус на третман со alemtuzumab и cladribine во рок од неколку месеци и оние кои се на fingolimod или ocrelizumab треба да преземат посебни мерки на претпазливост за превенција на инфекција со коронавирус.
Внимавајте!
На сите пациенти со МС им се советува да внимаваат: без оглед дали земаат имуномодулаторна терапија или не, треба да избегнуваат контакт со коронавирус, да останат дома и да работат од дома доколку е можно, да избегнуваат затворени места, да се грижат за хигиената, редовно да ги мијат рацете, да избегнуваат лица кои се позитивни на COVID-19 или кои можат да бидат заразени. Исто така, потребна е зголемена претпазливост кај лицата со МС кои се мобилни, постари лица и кај оние со претходно позната пулмонална болест, бидејќи се изложени на поголем ризик од компликации од инфекција со COVID-19.
Во зависност од тоа какви лекови земате, еве што треба да знаете:
- Третманот со interferon alpha/betа, glatiramer acetate се смета за безбеден и не е потребен прекин на третманот.
- Tретманот со dymetil fumarat се смета за безбеден доколку не е присутна значителна лимфопенија. Во случај на значителна лимфопенија, треба да се консултира компетентен невролог.
- Третманот со natalizumab се смета за безбеден и не се препорачува прекин на третманот, особено поради ризикот од реактивирање на болеста по прекин на третманот.
- Третманот со fingolimod умерено го зголемува ризикот од инфекција, но со оглед на ризикот од реактивирање на болеста по прекин на третманот не се препорачува прекин на fingolimod.
- Третманот со alemtuzumab и cladribine, односно употребата на следен циклус на третман кај лица кои го примиле првиот циклус, носи зголемен ризик од инфекција и се препорачува да се одложи следниот циклус на лекување.
- Третманот со ocrelizumab носи умерено зголемен ризик од инфекција и се препорачува одлoжување на следниот циклус на третман.
- Доколку започнете третман со fingolimod, alemtuzumab, cladribine и ocrelizumab, подобро е да го одложите до понатамошно известување, а развојот на епидемиолошката состојба ќе зависи од кога ќе започнете со третман со кој било од овие лекови.
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.