ИЗВЕШТАЈ ОД АНКЕТА ЗА ЗАДОВОЛСТВО СПРОВЕДЕНА ОД СТРАНА НА НАЦИОНАЛНОТО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА МС

Почитувани,
Националното здружение за мултипла склероза, во текот на месец февруари, за своите членови, спроведе анкета за задоволство од досега сработеното. Целта на оваа анкета беше подобро да се разберат потребите, искуствата и очекувањата на лицата кои живеат со мултипла склероза, како и да се добијат корисни согледувања за понатамошно подобрување на активностите и поддршката што ја обезбедува здружението.
Во анкетата учествуваа и свој придонес дадоа 131 испитаник, а резултатите се следните:
- 99 лица (75,6%) се целосно задоволни
- 28 лица (21,4%) се делумно задоволни
- 2 лица (1,5%) се делумно незадоволни
- 2 лица (1,5%) се незадоволни

Целосниот извештај од спроведеното истражување можете да го прочитате тука
Им благодариме на сите учесници кои одвоија време да учествуваат во анкетата и да ги споделат своите мислења, искуства и сугестии. Вашиот придонес е од исклучително значење за развојот на идните активности и иницијативи на здружението.
Како организација која се стреми кон транспарентност, континуирано подобрување и активно застапување на правата и потребите на лицата со мултипла склероза, Националното здружение за МС останува посветено на унапредување на квалитетот на живот на лицата со оваа болест. Добиените коментари и препораки внимателно ќе послужат како важна основа за планирање на идните активности, како и за унапредување на дијалогот со релевантните институции.