Која е просечната возраст за дијагноза на МС
Едно лице може да развие мултипла склероза (МС) на било која возраст, но најчесто е кај возрасни помеѓу 20 и 50 години на старост. Според некои здраствени експерти просечна возраст е 34 години. Без оглед на возраста пациентите се среќаваат со единствени симптоми.
Научниците сѐ уште не ја откриле главната причина за појава на МС. Тие само го откриле ризик факторот за појава во однос на пол, надворешни фактори, географска локација. Денес има приближно три милиони луѓе низ светот, кои живеат со МС.
Распростанетост на МС кај деца и симптоми
Научниците проценија дека 3 до 5 проценти на случаи на МС се развиваат кај луѓе под 16 години. МС кај лица под 18 и кај адолесценти се нарекува педијатриска МС. Кај деца под 12 години појавата на МС се движи од женски кон машки од 1,2 до 1 проценти, додека над 12 години процентот е повисок односно е 2,8.
МС ги напаѓа децата на поинаков начин во однос на возрасните. За време на првите 6 години тие доживуваат повече релапси враќање на симптомите. Но децата имаат побрз процес на заздравување од возрасните. Понекогаш возрасните се сеќаваат дека имале некои симптоми на МС во раната младост. Тинејџерите имаат некои симптоми на МС кои поминуваат незабележително и поради тоа не е можна дијагноза на МС.
Дијагноза на МС за време на полнолетство
Луѓе кои имаат некои невообичаени и необјасниви симптоми додека се тинејџери, може да забележат дека тие симптоми се влошуваат за време на полонолллетство, особено кога животот станува стресен. Ова влошување на симптомите најчесто е причина за дијагноза на МС.
МС е болест која е дефинирана како нетрауматска невролошка инвалидност кај возрасни. Кога зборуваме за видови на МС кај повеќето случаи на МС кај возрасни, започнала како релапсно ремининтна МС, а во подоцнежни години преминува во секундарно прогресивна МС.
Дијагноза на МС подоцна во текот на животот
Педијатриска МС се појавува кај 0,6 до 12 проценти од популацијата, МС кај возрасни три пати повеќе се јавува кај жени отколку кај мажи. Кај повозрасните од симптоми се јавуваат проблеми со меморија, проблеми со гледањето, спазми. За среќа, високо модифицирани лекови кои се користат низ светот го успоруваат развитокот на самата болест.
Извор: www.mymsteam.com/resources/what-is-the-average-age-for-a-multiple-sclerosis-diagnosis
Забелешка: Овој текст има информативен карактер и необезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.