Повластено користење на бесплатен градски превоз на подрачјето на град Скопје
Скопје, 08. јануари 2020 година
Националното здружение за МС ве информира дека членовите на здружението кои во пропишаниот временски рок поднесоа уредна документација за остварување на право за користење на бесплатен градски превоз за 2020 година на подрачјето на град Скопје, го остварија истото. Електронските изработени персонализирани картички беа подигнати од дирекцијата на ЈСП Скопје на 03.01.2020 година, а корисниците имаат можност веднаш да започнат со нивна употреба.
Согласно донесената одлука на здружението, финансискиот надоместок за изработка на нови електронски картички за бесплатен превоз целосно го превзеде Националното здружение за МС. Оваа придобивка можат да ја користат само лицата со живеалиште на подрачјето на Скопје и е усвоена од страна на Советот на Град Скопје, регулирана согласно донесена Програма за повластено користење на јавниот градски превоз, од страна на лица со посебни потреби, во 2020 година, број 27 -11040/1 од 27 ноември 2019 година, објавена во Службен гласник на Град Скопје број 16/2019.
Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза ќе продолжи да се залага и работи во интерес на своите членови со цел остварување на нивните бенифити навремено и ефикасно.