Остварена уште една регионална соработка
Скопје, 17. јули 2019 година
Наша чест и задоволство е да објавиме дека Националното здружение за МС започна уште една регионална соработка. Овој пат станува збор за склучен Меморандум за соработка со Savez Društava Multiple Skleroze Hrvatska (Сојуз на Здруженија за мултипла склероза во Хрватска).
Овој Меморандум за соработка е потпишан со истата цел како и претходно, односно активен придонес во унапредување на квалитетот на живот на лицата со мултипла склероза (МС) и нивните семејства во рамки на двете држави каде здруженијата активно работат. Нашиот фокусот на делување ќе биде насочен кон поттикнување на заедничка соработка и афирмација во областите од заеднички интерес во иднина.
Страните потписнички на Меморандумите се согласни, во рамки на своите можности да ги преземат сите потребни мерки и активности заради постигнување на следните цели:
- обезбедување на услови за подобрување на квалитетот на живот на лицата со МС и нивните семејства,
- имплементација, заштита, унапредување и усогласување на нивните права и интереси,
- идентификација на проблемите и заеднички пристап во нивното решавање,
- вршење на дејности и активности со цел подигнување на јавната свест за МС,
- натамошен развој и подигнување на соработката на двете договорни страни,
- подобрување на условите за тековно функционирање на договорните страни,
- обезбедување на континуирана и редовна форма на информирање на двете договорни страни за прашања и настани од значење за подобрување на општествениот, здравствениот и социјалниот живот на членовите.
Ова говори дека Националното здружение за МС е препознаено како сериозен партнер во регионот кое ќе гради интензивна соработка со здруженија со етаблиран кредибилитет и долгогодишно искуство во делувањето и работата на оваа проблематика.