Остварена средба за соработка со Ротари клубот Скопје Интернационал
На 16.04.2019 година во просториите на хотел ТЦЦ Плаза во Скопје беше остварена средба на членови на Националното здружение за МС со членови на Ротари клубот Скопје Интернационал. На средбата, Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза одржана едукативна и информативна презентација за мултипла склероза, за нашите цели и задачи, како и за нашата мисија и визија. Ова побуди голем интерес меѓу членовите на Ротари клубот и интерес за соработка со нашето здружение. При тоа срдечно и отворено беше понудена соработка за реализација на дел од нашите проектни и програмски активности за оваа година.
Со нетрпение го очекуваме стартот на заедничките планирани активности кои ќе произлезат од оваа соработка, а секако ќе бидат во насока на унапредување на квалититот на живот на лицата со мултипла склероза и нивните семејства.
Кој е Ротари клуб Скопје Интернационал?
Ротари клубот Скопје Интернационал е основан на 18. мај 2018 г. кога станува член на Ротари Интернационал, глобална мрежа на 1,2 милиони пријатели, лидери и решавачи на проблеми кои го гледаат светот каде луѓето се обединуваат и превземаат активности за правење долгорочни промени во целиот свет, во нашите заедници и во нас самите. Ние им служиме на другите, промовираме интегритет, го подобруваме разбирањето во светот, оптимизмот и мирот преку заедништвото на лидерите од деловниот и професионалниот свет и од заедниците.
Нашите членови веруваат дека имаме заедничка одговорност да превземеме акција во решавањето на најгорливите светски прашања:
- промоција на мирот
- борба против болести
- обезбедување чиста вода, санитарни услови и хигиена
- заштита на мајките и децата
- поддршка на образованието
- поддршка на растот на локалните економии