Триумф на хуманоста: Проектот за поддршка на лица со МС ја освои наградата за Најдобра општествено-одговорна практика

Во мај 2025, Семос Едукација го организираше настанот „Ѕвездите на генерацијата 2023/24“ во своите нови простории, каде беше одржана третата по ред церемонија на Semos Academy Awards. На овој настан, покрај доделувањето на стипендии и признанија за најдобрите студенти, беше истакната и важноста на силните партнери во општествено-одговорните практики.
Меѓу признатите партнери се најде и Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза, кое доби награда за „најдобар студентски проект од областа на општествено-одговорни практики (Академија за графички дизајн)“.
Дел од постерите:

Сите изработени постери од вредните раце на учесниците на Академијата за графички дизајн погледнете ги тука.
Зошто оваа соработка е значајна
- Членовите на Националното здружение за МС се лица кои живеат со мултипла склероза, членови на нивните семејства и негуватели. Организацијата постојано ја застапува идејата дека образование, информираност и вклученост се клучни за квалитетот на живот.
- Семос Едукација, од своја страна, докажано инвестира во образование, таленти и општествени проекти, создавајќи средина каде потенцијалот на поединецот се трансформира во професионална патека.
- Нивната заедничка активност – преку признавање и поддршка – ја симболизира вредноста на вклучувањето: кога образованието и социјалната поддршка се поврзуваат, добивката е за целата заедница.
Клучни активности и резултати
- На церемонијата на Семос, здружението беше наградено како партнер кој овозможува вистински промени и ги вклучува лицата со мултипла склероза во општествени процеси.
- Преку оваа соработка, се отвора можност за заеднички проекти каде студентските таленти и организациската поддршка на Национачлното здружение за МС ќе создадат ресурси за потребите на лицата со МС (информативни материјали, визуелни кампањи, дигитална комуникација).
- Унапредувањето на видливоста на лицата со МС и нивните искуства, преку образовни и креативни платформи, значи чекор напред кон инклузија, достоинство и еднаквост.
Благодариме на Семос Едукација, на студентите, менторите и сите партнери што ја препознавте нашата борба. Преку вашата ангажираност и работа докажавте дека вистинската вредност на знаењето и креативноста е во способноста да се менува заедницата на подобро.
За Националното здружение за МС
Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза. Oсновано е на 20. март 2019 година. Националното здружение е полноправна членка на Европската МС Платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platform, EMSP), полноправна членка на Светската алијанса на пациенти (анг. World Patient Alliance) и асоцијативна членка на Алијансата на пациентски организации (АПО).
Потребата за формирање на здружението се наметна како резултат на неопходноста за обединување на лицата со мултипла склероза, нивните семејства со цел согледување на нивните потреби и инволвирање на останати чинители заради решавање на проблемите на лицата со МС, како и подобрување на квалитетот на нивното живеење. Исто така, секојдневниот напредок во медицината, токму во областа на неврологија бара интензивирање на реформите во оваа област.
Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.
За да дознаете повеќе за здружението посетете ја веб страницата.