Лекови за мултипла склероза за прв пат во листата на WHO
Според Светската Здравствена Организација, суштински лекови (Essential medicines) се оние кои ги задоволуваат приоритетните здравствени потреби на населението. Тие се избираат врз основа на нивното значење за јавното здравје, докази за ефикасност и безбедност и компаративна економичност.
Нејасно е како можеше на листата на суштински лекови да нема ниту еден лек за МС. Но, се чини дека работите се движат напред, апликацијата е подготвена за 3 лека.